Софија Захараки, пратеничка на Нова Демократија, утрово на Евроњуз објасни зошто таа утре ќе гласа против Преспанскиот договор, пренесува МИА во Брисел.
Захараки смета дека договорот ги „пречекорува сите црвени линии на Грција“ и “им ги оставина соседите националноста и јазикот“.
-Ние не сме против никого, но сакаме да ги сочуваме историските димензии, рече Захараки.
На прашањето на водителката дали Договорот значи дека “иако новото име на државата е Северна Македонија, потенцијално тие ќе можат да го користат македонски, а не северномакедонски како придавка?“, Захараки одговори: “не, потенцијално, туку дефинитивно“.
-Одредбите од Преспанскиот Договор на народот му дозволува да се нарекуваат само Македонци, иако името на земјата е Северна Македонија, рече Захараки.




