Министерот за внтарешни работи Оливер Спасовски најави дека утре на Централниот одбор на СДСМ ќе се отвори дебата за претседателските кандидати.
На прашањето дали размислува да се кандидира за претседател, Спасовски кажа дека „размислува за целиот процес и за тоа каква дебата треба да водиме и тоа прашање ќе го отвориме и во рамките на партијата и во јавноста.
„Јас имам одговорност како потпретседател на Владата и како потпретседател на партијата размислувам за тоа да избереме човек кој ќе биде претседател каков што посакуваат најголем број од граѓаните“ рече Спасовски.
Освен Спасовски, за претседателски кандидат на СДСМ се споменуваат и вицепремиерката Радмила Шеќеринска, министерот за надворешни работи Никола Димитров и координаторот за НАТО Стево Пендаровски.
Околу изборот на претседателски кандидат, премиерот Заев рече дека во партијата се прават анкети за десетина кандидати за претседател и дека меѓу кандидатите има и Албанци. Кандидатот на СДСМ се очекува да ја добие и подршката на ДУИ.




