Оставката на претседателот на ДИК, Борис Кондарко нема да влијае на работата на овој орган, а Комисијата има капацитет и кворум да ги исполни своите обврски според законот смета потпретседателот на ДИК, Субхи Јакупи во изјава за телевизијата Алсат-М.
“Државната изборна комисија има капацитет и кворум за понатамошна работа и затоа нема да има пречки во одвивањето на понатамошната работа на ДИК додека се констатира прашањето на оставката и биде избран нов претседател. ДИК ќе продолжи со работа со овластувањата што ги е има, што се однесува до примената на своите надлежности. И јас како потпретседател на ДИК, врз основа на членот 26 од Изборниот законик имам право да раководам до избирањето на нов претседател”, изјави Субхи Јакупи, потпретседател на ДИК.
За професорот Здравко Савевски, иако времето до следните претседателски избори е доволно за именување на нов претседател, тој не ја исклучува можноста на застој на процесот како резултат на политичките судири.
Сепак, според Савевски, најдобрата опција и без последици за земјата ќе биде, евентуалните предвремени парламентарни избори да се одржат заедно со претседателските на пролет, а дотогаш да се избере и новиот претседател на ДИК.
Од СДСМ денеска изразија подготвеност со објавувањето на новиот конкурс да се утврди нивниот предлог за нов претседател.




