Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Денот Д во Грција: Пратениците одлучуваат за отворање на вратите на НАТО и ЕУ за Македонија

0
By Нова ТВ on January 25, 2019 ВЕСТИ
АНА МПА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 25, 2019 08:38

Во 9 часот по локално време започна третото и последно продолжение на пленарната седница за ратификација на нацрт законот на Министерството за надворешни работи на Грција за Договорот од Преспа. Предвидено е, доколку не се пролонгира за подоцна, поради големиот број пријавени пратеници за збор, гласањето да се одржи во 14.30 часот, јави МИА од Атина.

Вчерашната расправа ја одбележаа обраќањата на лидерите на политичките партии, меѓу кои и претседателот на СИРИЗА и премиер, Алексис Ципрас и претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис. И двајцата говореа детално и опширно, едниот 70, другиот 60 минути за нивните аргументи зошто се „за“, односно „против“ Договорот од Преспа.

-Во овој момент се наоѓаме еден чекор пред историски настан,рече грчкиот премиер во неговото обраќање и додаде дека по речиси 30 години неактивност и по една цела година исцрпни преговори, „доаѓаме до крајот на еден исцрпувачки процес”.

Во однос на тоа дали со договорот се признава државјанство или националност, Ципрас го повтори она што го спомена Катругалос на комисијата за надворешна политика и одбрана.

-Државите признаваат држави. Не признаваат народи, и да сакаше Коѕијас да им даде националност не можеше бидејќи меѓународен договор не може да признава националност, туку само државјанство, рече Ципрас.

АНА МПА

Ципрас упати остри критики до Комунистичката партија на Грција, поради актуелната позиција против  Договорот од Преспа.

-Не сакам да се осврнам ниту на славомакедонскиот Буквар што комунистите го делеа во Ташкент на децата на славомакедонските борци на Демократската армија на Грција. Не сакам да се осврнам на 70.000 бегалци од Граѓанската војна кои грчката држава ги лиши од правото во 1983 да се вратат во нивната татковина. Ниту ќе се осврнам како на Славомакедонката Ирини Гини-Мирка Гинова, првата жена егзекутирана во Граѓанската војна, комунистка. Со овие грижи на совест што ги имате, да си се справите сами. Ќе говорам политички, нема да се осврнам на историјата на Комунистичката партија на Грција, порача Ципрас.

Говорејќи за политичките позиции на Комунистичката партија на Грција, грчкиот премиер ги анализираше нивните аргументи зошто тие се против Договорот од Преспа: првиот е НАТО, вториот- иредентизмот. Рече дека па дури и да ги прифати нивните аргументи.

-Да речеме дека ќе ја прифатам целосно вашата анализа дека договорот е диктиран од Западот, од меѓународниот империјализам или не знам што друго може да замислите. Под овој меѓународен договор, земајќи ја предвид волјата на нашите соседи да влезат во НАТО, што секако е нивно прашање. Како КПГ смета дека грчката држава би можела и би требала да ја признае оваа земја? Како? Со кое име? Со кое име? Како ќе ги викаме овие луѓе Што велите? Ни велите дека терминот „Македонија“, самото нивно име е иредентизам. Или јас не го читав добро Ленин кога бев мал или вие нешто не правите како што треба, рече Ципрас во неговиот говор.

Обраќајќи се до опозициската Нова демократија рече дека главниот проблем не е договорот, туку СИРИЗА, бидејќи СИРИЗА го донесе договорот. А на Мицотакис му порача дека му недостигаат храброст и смелост.

Алексис Ципрас говорот го заврши со пораката дека „е време за национална самодоверба и национална гордост, ова е историски ден”.

Претседателот на грчката опозициска партија, Кирјакос Мицотакис порача дека тој како премиер би го искористил правото на вето на патот на Македонија кон Европската унија.

-Процесот за интеграција на Скопје во ЕУ не е поврзан со Договорот од Преспа. Грција може во било кој момент да стави вето во процесот на интеграција на Скопје во ЕУ и ова право на нашата татковина одбивам да го напуштам, порача Мицотакис.

АНА МПА

На почетокот на неговиот говор рече дека Договорот од Преспа не требаше никогаш да биде потпишан и „секако никогаш не требаше да дојде во грчкиот Парламент за ратификација, бидејќи претставува национален пораз”.

Лидерот на Нова демократија сепак кажа дека мора да биде искрен дека ако Договорот се ратификува, тогаш не може да се поништи, бидејќи има посилна моќ од било кој закон и затоа од парламентарната говорница ги повика пратениците, како што рече, да го кажат големото “НЕ” на гласањето за ратификација на договорот.

Мицотакис спомена седум вистини за тоа дека Грција направила отстапки во Договорот од Преспа.

Додека во грчкиот Парламент траеше расправата, пред Парламентот се одржа протест против Договорот од Преспа, далеку помалку масовен од оној во неделата.

АНА МПА

Демонстрантите извикуваа „Македонија е грчка“, „Скопјанец, нема никогаш да станеш Грк“ и слично, преку плакати побараа референдум, но и оставка од грчкиот претседател Павлопулос.

Група на демонстранти кои поминувале покрај домот на амбасадорот на САД, Џефри Пајат, испишале слоган со навредлива содржина: „Македонија земја на Грците“.

30 лица биле повикани на информативен разговор во врска со овој случај.

Домот на Пајат во Атина се наоѓа во близина на самата амбасада на САД и не е прв пат да биде мета на демонстрантите кои протестираат против Договорот од Преспа. Претходно беа испишувани графити против империјализмот на САД.

Пред, за време и по протестот, грчката полиција приведе 135 лица од кои 10 беа уапсени. Демонстрациите повторно завршија со инциденти, а повреден беше еден полицаец.

Од 135-те приведени, 85 лица биле приведени уште пред да започне протестот, а полициски извори за грчката новинска агенција АНА-МПА рекле дека сите уапсени припаѓаат на радикалната десница.

Протестите продолжуваат и денеска додека во грчкиот парламент се одвиваат последните часа од расправата, која треба да резултира со ратификација на Договорот.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.