Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ратификацијата заврши, следува имплементацијата на Договорот

0
By Нова ТВ on January 26, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 26, 2019 11:43

Со ратификацијата на Договорот во грчкиот Парламент вчера со усвојувањето на уставниоте амандмани во македонското Собрание на 11 јануари, започнува процедурата со која Договорот стапува на сила.

Што следува

-Според процедурата, сега Претседателот на Грција го потпишува законот за ратификација на Договорот од Преспа, тој се објавува во Службен весник, и со тоа станува официјален закон.

-Грција ќе го извести Генералниот секретаријат на НАТО дека Договорот од Преспа е ратификуван од грчкиот Парламент, па постојаните претставници на 29 земји-членки на НАТО треба да го потпишат Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија, а тој треба да биде ратификуван и во парламените на нивните земји.

-Протоколот за пристапување во НАТО треба да го ратификува и грчкиот Парламент, и потоа Грција ќе испрати вербална нота до Македонија со која ќе ја информира за ратификацијата на Договорот од Преспа и на Протоколот за НАТО.

-По приемот на нотата, Македонија ќе испрати вербална нота до Грција и ОН дека Договорот стапува на сила. Потоа, Македонија со писмо ќе ги извести ОН и меѓународните организации дека земјата сега се вика Република Северна Македонија.

-По официјалната промена на името следува отворање амбасади во двете земји. Досегашните канцеларии за врски во Скопје и Атина прераснуваат во амбасади.

Личните документи ќе се менуваат во рок од 5 години

Паралелно со меѓународната процедура поврзана со промената на името, ќе започне и внатрешна процедура за промана на личните документи, таблите на институциите, на патиштата, на граничните премини…

Во рок од пет години или најдоцна до 2024 година, во личните документи на граѓаните ќе стои новото име „Република Северна Македонија“. Со новите амандмани во нив ќе биде наведена и етничката припадност на малцинските заедници во државата.

Нови лични карти и пасоши ќе треба да си набават граѓаните, како и нови ознаки на регистарските таблички на нивните возила, најдоцна во рок од пет години откако ќе биде ратификуван Договорот за името во грчкиот Парламент, откако претходно македонското Собрание ги усвои потребните уставни измени за спроведување на Договорот.

Регистарските таблички во иднина ќе ја носат кратенката НМ или НМК. Во рок од 5 години ќе треба да се смени и сета останатата документација на јавната администрација за надворешна употреба, но и за внатрешна употреба и нивното издавање ќе почне со отворањето на секое поглавје на релеватното поле во преговорите со ЕУ. Тоа значи дека секоја институција етапно ќе го менува своето име и документацијата.

Се уште не се знае како ќе бидат сменети личните документи на граѓаните кои нема да истечат во дадениот рок, иако тоа нема да биде на нивен товар, барем според досегашните најави од страна на Владата. Во секој случај до 2024 година, граѓаните ќе треба да имаат лична карта или пасош под новото државно име.

Клучни елементи на Договорот

Согласно членот 1 од Договорот, официјалното име за севкупна употреба ќе биде „Република Северна Македонија“ или скратено „Северна Македонија“.

Договорот предвидува превод на името Република Северна Македонија на сите јазици.

На пример: Republic of North Macedonia. Договорот не предвидува транскрипција на името Република Северна Македонија на латиница.

Во однос на јазикот, Договорот предвидува дека официјален јазик на нашата држава е „македонски јазик“ кој е преведлив на сите јазици (на пример, на англиски јазик „Macedonian language“).

Во однос на македонскиот јазик, во ООН во Њујорк останува да пишува – МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК – без никаква фуснота со дообјаснување. Македонскиот јазик е утврден – идентитетот е зачуван.

Во самиот договор има член во кој се нотира научниот факт дека Македонскиот јазик е дел од јужнословенската група јазици. Но, во ООН  нема фуснота.

Во однос на државјанството/националноста (Nationality) тоа е утврдено во Договорот како „Македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“ преведливо на сите јазици (на пример, на англиски јазик: Macedonian/citizen of the Republic of North Macedonia).

Во однос на именувањето на државните институции, тие ќе го следат принципот на договорот односно новото утврдено име на државата.

Сите други организации, компании, здруженија или било какви активности и атрибути може слободно да се именуваат како македонски и да ја користат придавката македонски, како дома, така и секаде во странство.

Етапна имплементација

Имплементацијата на договорот ќе се случува етапно, а тој ќе стапи на сила откако двете страни ќе го прифатот согласно внатрешните процедури. Доколку која било од страните не го прифати Договорот согласно внатрешните процедури тоа ќе значи дека Договорот не важи.

Државните симболи не беа дел од преговарачкиот процес. Ова значи дека Химната, Грбот и Знамето остануваат и тука ништо не се менува.

Спомениците кои се изградени во рамките на Скопје 2014 години кои ја отсликуваат хеленската култура како историско и цивилизациско наследство на светот, ќе го добијат тој епитет исто така.

Имено, Воинот на Коњ ќе се преименува во тоа што вистински е – Александар Македонски и ќе се даде објаснување во рамките на споменикот за кого станува збор, односно дека Александар Македонски, како дел хеленскиот антички период е светскот културно наследство.

Нема уривање на споменикот на Александар Велики. Останува како симбол на пријателството меѓу двете земји.

Истото ќе се случи и со споменикот на Филип II Македонски и на Олимпија.

Сите евентуални решенија во врска со спомениците кои се дел од светското цивилизациско наследство ќе бидат во насока на потврдување и зајакнување на пријателството меѓу Македонија и Грција.

Во однос на кодовите –  МК – МКД остануваат меѓународно прифатени и препознатливи кодови. Регистарските таблици на возилата не се дел од меѓународната кодификација и заради тоа таблиците ќе го следат духот на договорот кој ќе се потпише со Грција.

Суштинската основа на Договорот за решавање на спорот меѓу Република Грција и Република Македонија

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.