Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колку само ја потценуваме чудотворната моќ на пофалните зборови!

0
By Нова ТВ on January 27, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 27, 2019 13:23

Пишува: Наде Молеровиќ мотивациски говорник

Секој човек а, со тоа и секое дете заслужува внимание и љубов. Се поседуваат вредности и таленти кои чекаат да бидат препознаени и откриени. Децата мора да бидат потсетувани постојано колку се моќни, посебни,вредни и совршени.

Како родители, наставници и општество, одговорни сме за нивниот личен развој и за вградување здрави погледи и ставови за светот и луѓето околу нив. Од сите нас ќе зависи колку и дали децата ќе  успеат да се реализираат во својот полн капацитет и дали ќе умеат да водат среќен живот.

Живееме во свет каде сите се трудиме да ги промениме другите за да ги направиме слични на нас како подобро би се разбирале, комуницирале и  соработувале. Живееме во свет каде родителите сакаат од своите деца да направат нивни копии. Бидете вие тие родители кои го разбираат животот, кои го разбираат воспитувањето, кои ги разбираат децата. Бидете ментор на сопственото дете, бидете ментор на своите ученици, покажете им дека и вас ве инспирирал некој од кого сте ги учеле животните лекции, така ќе ги отвориме во умот, во срцето, дека и друга личност може да ги насочува и да им помогне како да растат емотивно, духовно и интелектуално.

Моќта на изговорени зборови, моќта на пофалбите и позитивните мисли можат да променат нечии животи, можат да ја подобрат перспективата на гледањето на светот и луѓето околу нив. Ќе бидете сведок како и на кој начин пофалните, мудрите зборови на мотивација го трансформираат детското однесување. Ако детето ви каже : “Јас не можам”, вие одговорете му со насмевка: “Нема тоа што ти не можеш драго мое дете”. Ако ви каже: “Јас не го сакам тоа”, вие кажете му:  “Ти го правиш изборот”. Ако каже : “Не ми се допаѓа тоа што некој друг го прави” одговорете му: “Не е наше да судиме за другите, ниту да им кажуваме што да прават”, а ако на тоа ви каже: ”Но тоа што го прават другите ме повредува”, вие тогаш одговорете: “Ништо драго мое дете не може да те повреди, те повредува начинот на кој ги гледаш нештата, поради тоа се чувствуваш лошо”.Тогаш прашајте го: “Кога последен пат се чувствуваше убаво? Каде беше тоа? Што те правеше да се чувствуваш така? Што правеше ти за да се чувствуваш така?”. Тогаш детето ќе ви раскаже и кога, и зошто, и како, ќе биде во состојба на позитивни чувства и мисли кои ќе му потхранат неговата самодоверба.

Од училиштето и наставниците со право се очекува, низ процесот на учење, акцент да се стави на развивањето на чувството на вредност и самодоверба кои се исклучително важни за правилниот развој на децата. На таков начин ќе работиме со деца кои ќе бидат постојано заинтересирани како да постигнуваат повисоки резултати, а со тоа и задоволство, мотив за себереализација и актуелизација. Најважната улога на наставникот е да инспирира со моќни зборови и дела за доследност, посветеност, професионалност. Да потикнува активности каде децата ќе се најдат себе си и ќе уживаат низ процесот.

Ако детето ви кажува “јас сум глупав, јас не го знам тоа и тоа”, вие кажете му:  “Мило мое, па сите ние по нешто не знаеме, на тоа нé учи животот, нé поттикнува секој ден да бидеме пољубопитни да истражуваме, да стекнуваме нови знаења. Затоа си тука дете мое, знаеш онолку колку што треба сега. Јас сте гледам како посебен, совршен и на вистинскиот пат”.

Ако продолжи да ви кажува “Но, другите ми кажуваат дека сум глупав, дека не сум доволно добар, дека не сум способен, доволно брз, доволно висок, вие кажете му: “Тие не те познаваат мило мое, тие не те гледаат со моиве очи, ах колку си ти посебен, најважно од сé е како ти се гледаш себе си!!!”. Со овие зборови никогаш нема да се посомнева во себе!! Секој ден драги мои родители, одвојувајте од своето време, помалку на компјутер повеќе со сопственото дете, разговарајте со него, потсетувајте го колку е посебно, колку сте горди на него, дека сте благословени што сте му родител. Потсетете го на сите негови силни страни, полека и постепено ќе развива позитивна слика за себе и нема да го повредуваат зборовите на другите. Само така нема да се сомнева во себе, а вие ќе бидете неговиот ментор кој секогаш ќе му бидете ветер во грбот, поддршка, мирно пристаниште низ патувањето наречено живот.

Доколку некој ви забележи на вашите методи на воспитување, менторирање и ви каже дека погрешно го правите, дека го разгалувате и дека треба да сте построги, вие одговорете: “Знам дека нему му е најважна насоката што тој ја очекува од мене, јас го водам во насока на инспирација, поттикнување и емотивен развој. Знам дека ќе биде добро дете, ќе ги следи своите соништата кои ќе го доведат до целта, знам дека има светла иднина и успехот ќе му биде загарантиран.Тоа самото знае дека знае. Само ние со погрешното воспитување ги уверуваме во спротивното”.

Пофалбата е вистинскиот пат за одгледување среќно, задоволно дете со висока самодоверба. Колку само ја потценуваме чудотворната моќ на пофалните зборови! Зошто го правиме тоа? Затоа што нашите родители нé програмирале на критикување, не само кога сме биле деца туку и денес кога имаме сопствени деца. Многумина од родителите сметаат дека пофалбата треба да се заслужи.

Тоа едноствано не е точно. Не би било корисно лажно да им даваме пофалби, ниту усилено или пак затоа што мораме, туку едноставно секојдневно има најмалку сто причини за го пофалите сопственото дете а тоа не го правиме. И вам ви се случува, кога некој ќе ве пофали за добро завршена работа, да имате желба да работите уште понапорно како би биле подобри и да го дадете најдоброто од себе. Но, сигурна сум дека ви позната и потполно различната ситуација во која, и покрај трудот, желбата да направите најдобро што сте можеле, ви го забележуваат тоа што не е доволно добро, ве критикуваат и ве навредуваат. Дали мислиме дека нашите четиригодишници, првооделенци, петтооделенци, средношколци, се имуни на охрабрување и пофалби? Дали тоа што е добро се подразбира, а она што нам не ни се допаѓа го критикуваме без многу трпение, без да правиме разлика меѓу критика на однесување и критика на личноста.

Кога би ги користиле моќните зборови на пофалба кои прават чуда во однесувањето, светот би бил поубаво место за живеење. Зошто не го правиме тоа? Затоа што детската добрина, едноставноста и чистотата на детската душа ја земаме како нормална за нив. Зошто да ги критикуваме ако не ги измиле рацете за ручек? А, тоа го направиле самоиницијативно за вечера? Зошто ќе употребиме илјада зборови да ја стават блузата во панталоните, а нема да го пофалиме затоа што сами се облекле утрото?

Треба да сме среќни и благодарни што имаме деца. Благодарноста е темел на среќен живот, а не материјалниот статус, да е така ниеден богат човек не би бил несреќен. Благодарните луѓе секогаш имаат повеќе ентузијазам и оптимизам и секогаш во сите луѓе, постапки, последици го гледаат најдоброто. Навистина светот денес е исполнет со многу тажни нешта од кои тешко дека секој би согледал што има добро во тоа, но тоа е перцепција која се вежба, практикува и станува навика. На таков начин се менува светогледот  перспективата, многу поедноставно и лесно е да ги гледаш позитивните страни на луѓето со кои живееш, работиш, делуваш. Дозволете им на децата да грешат, а потоа помогнете им да ја согледаат грешката, кажете им: “Не е срамота да се греши, така се учи за животот. Само внимавај да не ги повторуваш грешките!”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.