Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Си Ен Ен за Договорот: Најзначаен дипломатски чекор на Балканот по војната во Босна

0
By Нова ТВ on January 28, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 28, 2019 11:53

Американската ТВ мрежа Си Ен Ен објави анализа во врска со Договорот меѓу Македонија и Грција под наслов „Македонија ќе го смени своето име. Еве зошто е важно“, во кој настанот го нарекува „најзначајниот дипломатски чекор на Балканот од крајот на војната во Босна“, пренесува МИА.

-Во она што може да биде најзначајниот дипломатски чекор на Балканот од крајот на војната во Босна, во петокот беше затворен горчлив, децениски билатерален спор во Европа. По 27 години заемна недоверба, Атина и Скопје го запечатија договорот за името.

Според договорот, соседот на Грција ќе престане да го користи името „Република Македонија“, име кое го избра за себе кога прогласи независност од Југославија во 1991 година. Наместо тоа, ќе се нарекува „Република Северна Македонија“. По неколкумесечни улични протести и жестока дебата во двете земји, договорот за името во петокот ја надмина последната од бројните пречки во Атина, со 153 гласови поддршка во Парламентот со 300 места.

Промената е значајна бидејќи Грција, членка на НАТО и на Европската унија, го блокираше членството на Скопје во НАТО и почетокот на разговорите за пристап во ЕУ сé додека не се реши спорот за името. Според договорот, Грција ќе ги повлече своите противења, отворајќи го патот за интеграција на својот сосед.

Како стигнавме до тука

Двете земји беа под притисок да го решат спорот, бидејќи западните земји гледаат на понатамошната интеграција на балканските земји во ЕУ и НАТО како начин за подобрување на стабилноста во регионот. Овој потег можеби ќе служи и како компромис што може да ги олесни другите регионални спорови. Но Москва отворено се спротивставува на аспирациите на Македонија, со оглед на тоа што одамна е главен играч во регионот.

Договорот, прво ратификуван во Скопје, следуваше по поразот на македонските националистички конзервативци од страна на социјалдемократите. Тоа значително ја подобри климата меѓу двете соседни земји по неколкудецениската силна националистичка реторика на двете страни.

Од раните 1990-ти, во Грција се ширеа мапи со граници на државата кои се протегаат до пристанишниот град Солун, главниот град на грчка Македонија, што ги подгреваше територијални стравови. Оргомната статуа на античкиот македонски крал Александар Велики, поставена на централниот плоштад во Скопје, поттикна понатамошни тврдења за културен грабеж.

Во летото 2018 година, олеснувањето на односите доведе до заедничка изјава на грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговиот македонски колега, Зоран Заев, дека спорот за името најпосле е завршен. На свечена церемонија со голема симболика, одржана на Преспанското Езеро во кое се наоѓаат границите на Грција, Албанија и Македонија, двајцата го потпишаа историскиот договор, познат како Преспански договор.

Договорот се смета за проект за наследство на премиерот

Договорот се соочи со големи критики во двете земји во чекорите што доведоа до негова ратификација. Референдумот во Скопје имаше мал одѕив, а грчката Влада за седум месеци преживеа две гласања за недоверба и поради договорот го загуби својот помал коалициски партнер.

Загриженоста се врти околу идентитетот и како тоа може да влијае на идната безбедност. Противниците велат дека додавањето на зборот „Северна“ може да помогне да се дефинираат географските термини, но не прави ништо за одвојување на националноста и јазикот, што би можело да создаде основа за малцински прашања и територијални претензии.

Најновите анкети покажуваат дека повеќе од шест од 10 Грци се против договорот, а во петокот низ целата земја се одржаа демонстрации, во пресрет на гласањето во петокот. Протестниот митинг во Атина во неделата, на кој присуствуваа десетици илјади луѓе, беше нарушен со насилство.

Грчкиот премиер потроши политички капитал за да го протурка договорот што го опишува како „патриотска должност“. Тој, исто така, призна дека договорот ќе дојде „со политичка цена“. Неговата партија заостанува 10 отсто зад главната опозициска, која е силен противник на договорот. Лидерот на главната опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, кој зборуваше во Парламентот пред гласањето во петокот, ја опиша ратификацијата на договорот како „национална грешка која е навреда за вистината и историјата“.

Кусо време по ратификувањето на договорот, Ципрас напиша на Твитер: „Денеска пишуваме нова страница на Балканот. Националистичката омраза, спорови и конфликти го отстапуваат местото на пријателството, мирот и соработката“.

Неговиот македонски колега го сподели истото позитивно мислење во твит со честитки до грчкиот премиер.

Европските лидери, исто така, на социјалните медиуми го поздравија договорот. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ги пофали Цирас и Заев за нивната храброст да најдат компромис, додека генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја поздрави потврдата за Преспанскиот договор како „важен придонес за стабилноста и просперитетот на целиот регион“.

„Тие имаа имагинација, тие го презедоа ризикот, тие беа подготвени да ги жртвуваат своите сопствени интереси за општото добро“, напиша Туск на Твитер.

Анкетите покажуваат дека Ципрас ќе загуби на изборите што ќе се одржат оваа година. 44-годишниот политичар ја презеде функцијата во 2015 година како економски популист во екот на финансиската криза во Грција, со големи фанфари ветувајќи дека ќе ги смени условите за финансиската помош на Грција, но без голем успех. Многу Грци го гледаат договорот за името како проект за наследство на Ципрас чија цел е обезбедување на неговата иднина во политиката и зајакнување на неговиот имиџ надвор од грчките граници.

Извор: Си-Ен-Ен 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.