Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНХЦР: Морскиот премин најсмртносен за бегалците-лани гинеле по шестмина дневно

0
By Нова ТВ on January 30, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 30, 2019 12:19

По шест мигранти гинеле дневно во текот на 2018 година, обидувајќи се да стигнат до Европа преку Средоземното Море, се истакнува во денеска објавениот извештај  на УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, насловен како „Очајнички патувања“.

Се работи за трагедија од загрижувачки размери, а прекинувањето на операциите за пребарување и спасување го зацврсти статусот на морскиот премин како најсмртоносен на светот, констатира УНХЦР.

 Се проценува дека 2.275 лица загинале или исчезнале преминувајќи го Средоземното Море во 2018 и покрај големиот пад во бројот на лица пристигнати наевропско тло. Вкупно, 139.300 бегалци и мигранти пристигнале во Европа, штое најнизок број во текот на изминатите пет години.

-Спасувањето животи на море не е избор, ниту пак прашање на политика, тукуобврска од дамнина.Можеме да ставиме крај на овие трагедии со тоа што ќе имаме храброст и визија да погледнеме подалеку од следниот чамец и да усвоиме долгорочен пристап што сезаснова на регионална соработка и кој во својата основа го става човечкиот живот идостоинство, вели Филипо Гранди, висок комесар на ОН за бегалци.

Извештајот опишува како промените во политиките на неколку европски државидоведоа до бројни инциденти каде голем број лица беа заглавени на море со денови,чекајќи дозвола да се укотват. Бродови на НВО и нивните екипажи се соочија сорастечки број рестрикции во нивните операции за пребарување и спасување. На рутиод Либија до Европа, по едно лице загинало на море на секои 14 лица коипристигнале во Европа – што е голем пораст споредено со 2017 година. Илјадници други билевратени во Либија каде се соочиле со ужасни услови во центри за притвор.

-За многу од нив, зачекорувањето во Европа беше последниот дел од кошмарното патување на кое се соочиле со измачување, силување и полов напад, како и со заканата на киднапирање и држење со цел изнудување откуп. Државите мораат да преземат итни мерки за разбивање на криумчарските мрежи и да ги изведат извршителите на овие кривични дела пред правдата, се вели во Извештајот.

Сепак, УНХЦР во еден дел заклучува дека се појавиле „нови никулци надеж“ на некои места.

-И покрај политичкиот застој во прогресот со регионален пристап кон спасувањето на море и слегувањето од бродови, кој го побараа УНХЦР и ИОМ минатиот јуни, неколку Држави се посветија на преселување во трета земја лица спасени во централното Средоземно Море – можна основа за предвидливо и трајно решение. Илјадници места за преселување во трета земја беа исто така ветени од страна на држави со цел да се евакуираат бегалци од Либија, се наведува во објаснувањето од УНХЦР.

Извештајот исто така открива значителни измени во рутите што ги користат бегалците и мигрантите.

За првпат во последните години, Шпанија стана првата влезна точка во Европа со 8.000 лица пристигнати преку копно (преку енклавите во Сеута и Мелија), а дополнителни 54.800 лица успешно го преминале западното Средоземно Море. Како резултат на тоа, бројот на смртни случаи во западното Средоземно Море пораснал речиси четирипати – од 202 во 2017 на 777. Околу 23.400 бегалци и мигранти пристигнале во Италија во 2018, петпати помалку споредено со претходната година.

Во Грција, преку море пристинале сличен број лица, околу32.500, споредено со 30.000 во 2017г., но речиси трипати повеќе лица пристигналепреку копнената граница со Турција.

На други места во Европа, Босна и Херцеговина забележала околу 24.000 пристигнувања на бегалци и мигранти кои транзитирале преку Западниот Балкан. Кипар примил неколку чамци кои носеле сириски бегалци од Либан, додека Обединетото кралство забележало мал број лица кои преминале од Франција при крајот на годината.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.