Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се бројат деновите кога ќе биде потпишан Протоколот за членство во НАТО

0
By Нова ТВ on January 31, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 31, 2019 08:11

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вчера изјави дека прашање на денови е кога Македонија ќе го потпише Пристапниот протокол со 29-те земји членки во седиштето на НАТО во Брисел. Штом биде потпишан протоколот Македонија ќе може да учествува како земја набљудувач во сите клучни формати на Алијансата, но без право на глас.

-Уште немаме прецизен датум, не знаеме точно кој ден, но може да очекуваме тоа да се случи идната седмица. Потоа, веднаш процесот повторно се враќа во Парламентот во Атина и исто така ќе биде тоа прашање на неколку денови, со тоа практично ставаме точка на една цела ера. Со тоа завршува спорот, меѓутоа влегуваат во сила и Преспанскиот договор и амандманите на Уставот. И тоа создава од една страна големи шанси и го отвора патот, од друга страна многу административни обврски на кои мора да работиме, рече Димитров на новинарско прашање пред денешната дебата организирана од Институтот за демократија Социетас Цивилис за европските перспективи на земјата за време на романското претседателство со ЕУ.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на почетокот на неделава најави дека потпишувањето на Протоколот за приклучување на Македонија ќе се случи многу брзо.

Пред три дена дадена е декларативна согласност од сите земји-членки на НАТО за потпишување на овој протокол, но секоја земја членка треба да даде и формално одобрување за потпис на своите амбасадори во седиштето на НАТО. Голем број од нив веќе го добија зеленото светло, но кај други процедурите се покомплексни. Во секој случај, политички проблеми не се очекуваат и до следната недела сите 29 земји би требало да добијат одобрување од домашните влади или парламенти.

И бугарската Влада вчера даде зелено светло за потпишување на Протоколот за приклучување на Македонија во НАТО. Владата во Софија соопшти дека го овластила претставникот на Постојаната делегација на Бугарија во НАТО да го потпише Протоколот за членство на Македонија во Алијансата.

По потпишувањето на Протоколот ќе тече процесот на ратификација на членството на нашата земја од страна на 29-те парламенти на државите-членки, процес кој е значајно подолг во некои земји, зависно од домашните процедури, како што е во Белгија или во Канада.

Според дипломати во НАТО како и генералниот секретар Столтенберг, процедурата би траела околу една година, но Еурактив тврди дека доколку земјите сојузнички ги забрзаат процедурите не е исклучено Македонија да стане полноправна членка веќе во јули годинава, кога треба да се одржи и самитот на Алијансата, на кој ќе се одбележи и нејзиниот 70-ти роденден.

Во меѓувреме, европскиот портал Еурактив, веќе излезе и со можен датум на кој грчкиот Парламент ќе го ратификува Протоколот. Повикувајќи се на извори во Грција, порталот јави дека јужниот сосед цели кон ратификација на Пристапниот протокол за НАТО на  8 февруари, но информацијата не е потврдена официјално во Атина.

Грција треба да биде првата земја членка на Алијансата што ќе го ратификува членството на Македонија во НАТО, откако на 25 јануари го ратификуваше Преспанскиот договор. Доколку Грција го ратификува прва пристапниот протокол, таа симболично би била земјата што ќе ги „отвори вратите на НАТО за Северна Македонија“, 11 години откако го блокираше влезот на земјата под привремената референца ПЈРМ.

Интеграцијата на Македонија во НАТО, која беше во застој по грчкото вето на Самитот во Букурешт во 2008 година, е деблокирана со Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, со кој се стави крај на 27 годишниот спор со името.

Се подготвуваат новите табли со новото име

Државните институции, граничните премини и дипломатско-конзуларните претставништва ќе имаат рок од седум дена по ратификацијата во Грција на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО да почнат со поставување на таблите со новото име на државата.

Владата најави и формирање интерресорска група која ќе почне со работа веднаш по ратификацијата на Протоколот и која ќе треба да изработи Национален акциски план за натамошните мерки и активности за извршување на обврските што произлегуваат од Договорот од Преспа.

Од Владата не очекуваат проблеми од државните институции при користењето на новото име на државите и нагласуваат дека остануваат целосно посветени на имплементацијата на Договорот од Преспа.

– Веднаш по ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО во Атина, стапуваат на сила овие мерки што вчера ги усвоивме. Интерресорската група веднаш започнува со работа. Не е предвиден рок, но тоа значи веднаш. Немаме рок, не постои, рокот е за седум дена за стапување во сила на овие мерки. Тргнуваме веднаш во промена, рече вчера владиниот портпарол Миле Бошњаковски на редовната прес-конференција.

Употребата на новото име на државата ќе биде усогласено и со Законот за употреба на јазиците што значи дека таблите ќе бидат напишани и на албански јазик бидејќи, како што посочи Бошњаковски, Албанците се 20 проценти на државно ниво.

Препораки за промена на таблите ќе добијат и единиците на локалната самоуправа, а секторите и службите за односи со јавност на државните и јавните институции ќе добијат насоки за употреба на уставното име.

Засега од Владата не откриваат колку ќе чини целиот процес на промена, но велат дека тоа ќе се знае откако ќе заврши целата постапка.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.