Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Заев на Н1: Конечно имаме земја која никој не ја оспорува

0
By Нова ТВ on January 31, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 31, 2019 08:20

„Кога станав премиер, Македонија беше во кавга со сите наши пет соседи, а веќе денес немаме отворени билатерални прашања со соседите, остана само прашањето за црквата, но и за тоа веќе се преземаат одредени чекори, изјави премиерот Зоран Заев во синоќешното интервју за регионалната ТВ Н1, во емисијата Пресинг.

Тој, објаснувајќи го процесот на постигнувањето на Преспанскиот договор, уставните измени во Скопје и ратификацијата во Атина, на гледачите во регионот им објасни дека со Грција не се преговарало околу идентитетските прашања и дека останува националниот идентитет на Македонците како Македонци кои говорат македонски јазик, со своја традиција, историја.

– Грција ни го прифати правото на самоизјаснување и никој тоа не може да го измени, дека јас сум Македонец, кој живее на ова територија, рече Заев, додавјќи дека „со тоа никој веќе не може да ни го оспорува нашето право дека сме Македонци кои зборуваат на македонски јазик.“

Тој со ова оцени дека „конечно имаме земја која никој не ја оспорава, за што се бореле нашите претци“.

Заев посочи дека пресудно влијание и одговорност за постигнувањето на договор со Грција имале пред се политичарите од двете држави, со голема подршка на САД и земјите од ЕУ.

– Еве сега по постигнатите договори со Бугарија и со Грција, на последниот министерски состанок на ЕУ, најголеми поборници за Македонија и за Албанија да добијат проектиран датум за почеток на преговорите, беа токму Бугарија и Грција, изјави Заев.

Тој додаде дека отпорот на постигнатиот договор е исклучително од политилки причини, а доказ за тоа е што „подеднакво опозицијата и во Македонија и во Грција истоветно реагираат“.

– Ние кон крајот на февруари ќе го добиеме столчето во НАТО, а полноправно членство по ратификација во парламентите на земјите членки на НАТО, кон крајот на оваа или на почетокот на идната година, рече Заев.

Околу спротивставувањата кои доаѓаат од Русија на постигнатиот договор со Грција, македонскиот премиер оцени дека сето тоа е поради членството во НАТО.

– Западот е присутен во Македонија уште од поранешна Југославија, со милијарди евра помош, но одлуките ги носиме ние. Русија е наш пријател, како што ни се пријатели и САД и ЕУ, но ние ги носиме нашите одлуки. Русија е против проширувањето на НАТО и тука е проблемот. Ние сакаме добар однос со Русија и се надевам дека ќе го унапредиме тој однос, изјави Заев.

Тој додаде дека го разбира ставот на Русија, но над 80 проценти од македонските граѓани се за НАТО и тоа мора да се почитува.

Заев не верува дека Русија ќе се обиде да ја блокира имплеметацијата на договорот со Грција.

Порача дека со постигнатиот договор, лидерите во БиХ, Србија и Косово ќе се охрабрат да ги решат своите проблеми, што е услов за членството во ЕУ и дека ќе станат членки на НАТО, бидејќи не постојат други опции.

– Доколку лидерите престанат да прават калкулации за својот рејтинг и како да останат на власт, тогаш патат државата и народот, констатираше Заев.

За односите Србија- Косово

Во врска со отворените прашањето на Балканот, Заев одговори дека сите држави се мултиетнички и „наш идеал е да ги отвориме границите, а не да ги прекројуваме, да ги поврзаме народите и да соработуваме, да имаме лесен проток на луѓе и на стоки“.

Во тој контекст, македонскиот премиер го спомна одност меѓу Македонија и Србија, дека народите се братски и дека се подготвува проектот „оне стоп шоп“ на границата, за кој разговарал со претседателот Александар Вучиќ на Табановце.

Во врска со идеите за размена на територии во регионот, премиерот Заев рече дека Македонија е многу внимателна и нејзин официјален став е дека сака позитивно решение меѓу Белград и Приштина, кое ќе нуди траен мир, подобра регионална и економска соработка и прогрес кон ЕУ.

– Не им е лесно ниту на Вучиќ, ниту на Тачи, јас тоа го поминав и затоа ги охрабрувам да се потрудат да најдат решение…бидејќи беа три проблеми на Балканот, ние со Грција, БиХ и косовскиот проблем, а сега сите рефлектори се пренасочуваат кон другите два проблеми, рече Заев.

За бегството на Груевски

Македонскиот премиер говореше и за случајот со бегството на Никола Груевски, споменувајќи меѓу другото дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски пред бегството на Груевски се сретнал со унгарскиот премиер Виктор Орбан и со српскиот претседател Александар Вучиќ, при што досега нема објавено за што разговарал со нив.

– Истрагата е во тек, ќе објавиме се по нејзиниот завршеток, сите се бориме во регионот да докажеме дека сме пријатели и дека ги почитуваме законите, не дозволивме пријателството со Унгарија да се наруши, но не е фер една членка на НАТО и ЕУ да ни држи ваква лекција…, оцени Заев.

Македонскиот премиер изјави дека не очекува да ја добие Нобеловата награда за мир, додавајќи дека самата номинација е афирмација на Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 11, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

ВЕСТИ June 11, 2026

Мексико и Јужна Африка вечерва во 21.00 часот по средно европско време го отвораат 23тото…

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

June 11, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

June 8, 2026

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.