Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рускоска бара обвинетите да бидат казнети за терористичко загрозување на уставниот поредок

0
By Нова ТВ on January 31, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 31, 2019 13:02

Обвинителката Вилма Рускоска во завршни зборови пред судот побара на обвинетите за насилставата во Собранието на 27 април 2017 година да им изречат казни со кои ќе се постигне целта за делото за кое се обвинети, односно за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата.

За ова кривично дело, според законот, е предвидена минимална затворска казна од 10 години.

– Обвинителството докажа дека на 27 април е извршен организиран насилен напад врз една од најважните оте институции. Докажа дека тоа не беше спонтан упад и зовриени емоции. Обвинитеството докажа дека ова беше организиран и со умисла напад. Доказите потврдија дека преземените дејствија се поврзани и последователни со цел да се загрози уставниот поредок. Докажа дека ова обвинение не е политички реваншизам, туку акт за докажување на делото и запазување на правото, изјави Рускоска.

Таа побара судот при носење на пресудата да ги цени како отежнителните, така и олеснителните околности и да им изрече казна со што ќе бидат постигнати целите.

Обвинителката Вилма Русковска пред судот рече дека многу работи се случија откако започна судењето досега и внатре и надвор од судницата.

– Кога зборувам за внатре мислам на сите сведоци и докази, а за надвор од судницата првенствено мислам на Законот за амнестија. Закон кој како политичка одлука изврши големо влијание не врз концептот на обвинението, туку на концептот на неказнивост. На судот не треба да влијае тоа што некој се соочува со 10 години затвор, а друг за истото е амнестиран. За судот треба само да влијаат фактите што ги видовме во судницата, изјави Русковска.

Посочи дека од сведочењата на повеќе сведоци во судницата се покажа дека обвинетиот Митко Чавков свесно не преземал никакви дејствија за справување со ситуацијата и дека ништо таа вечер не било случајно.

– Сведокот С1 кажа дека Јане Ченто постојано бил во комуникација и добивал наредби од Митко Чавков,  а по настаните заедно со Нинџа постојано се сретнувале со Чавков на кого му биле лути дека ги организирал по наредба на Никола Груевски, а сега ги оставил сами на цедило, рече Русковска.

Обвинетиот Митко Пешов, рече Русковска, дури после 20 часот се јавува и мобилизира 13 припадници на ПЕП од касарната во Ѓорче Петров, кога веќе имаме раскрварени глави во Собранието.

Обвинителката Русковска во завршни зборови детално ги објасни и  посочи доказите и сведоците изнесени пред судот, како и сите дејствија што требало а не ги презеле сите вработени во МВР кои тој ден биле на работа.

Обвинителката Ивана Трајчевска, претходно пред судот го повтори обвинителниот акт, со таа разлика што при читањето на поединечните дејствија на сите 33 првично обвинети, ги посочи лицата за кои постапката е запрена согласно Законот за амнестија.

– На истите им се става на товар дека на 27 април 2017 година од 14.30 до 22.30 часот за време на одржувањето на конститутивната седница со намера да го загрозат уставниот поредок на РМ и да го спречат изборот на претседател на Собранието предизвикале немири и насилство во просториите на Собранието и го загрозиле животот и безбедноста на пратениците, новинарите и други лица, изјави Трајчевска.

Со тоа обвинетите Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

Постапката е раздвоена за обвинетите Оливер Радулов и Сашо Марковски, кои се обвинети за помагање на кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок

Претходните две рочишта беа одложени за Апелација да одговори на сите жалби по барањата за амнестија.

На обвинителна клупа остануваат петмината кои не побараа амнестија: екс директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, началникот во МВР за униформирани лица Душко Лазаров, еден од водачите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Јане Ченто и Игор Југ од патриотските здруженија, како и 13 обвинети чии барања за амнестија беа одбиени.

Судот ги одби барањата за амнетсија на Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Горан Ѓошевски, Митко Пешов, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашо Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски.

Судијката Добрила Кацарска, претходно најави, дека на следното рочиште би требало да се изврши промена на обвинителниот акт согласно Законот за амнестија и да се започне со завршни зборови.

Обвинителка Вилма Русковска, минатата недела, рече дека обвинителниот акт за случајот „27 април“ не претрпил суштински измени и останува истото кривично дело.

Судот ги одби барањата за амнестија на Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Горан Ѓошевски, Митко Пешов, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашо Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски.

Судењето за случајот „27 април“ почна во август минатата година против вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување, а со Законот за амнестија помилувани беа 15 обвинети.

Позитивно мислење по барањата за амнестија, добија петтемината пратеници – Мукоски, Арнаудов, Василевски, Тарчуловски и Димовски, организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Борис Дамовски, вработените во кабинетот на тогашниот собраниски спикер Иван Цветановски и Елена Доцевска-Божиновска, браќата Младеновски кои први открија детали за организацијата на крвавиот четврток и Захарије Симовски, Илија Славевски и Митре Питроповски од патриотските здруженија.

По завршните зборови на Рускоска, денешното рочиште беше прекинато за на бранителите да им биде даден примерок од записникот.

Наредната судска расправа за „27 април“ е закажана на 4 февруари, кога завршни зборови треба да даде одбраната на обвинетите.

Истрага за организаторите

Очекувам во најкраток рок да се донесе наредба за спроведување на истрага и за организаторите на настаните од 27 април 2017 година во Собранието на РМ, а кои ќе бидат тие, ќе видите кога ќе ја изготвиме наредбата, изјави обвинителката Русковска, прашана дали ќе покрене ново обвинение против Никола Груевски, кого го спомена во завршните зборови денеска пред судот.

– Сметам дека, сепак, треба да се стрпите да се донесе наредба за истрага, нагласи Русковска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.