Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: И бебињата од „Мајчин дом“- Битола одат во згрижувачки семејства

0
By Нова ТВ on February 1, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 1, 2019 13:17

Забрзана динамика на излегување на децата од големите институции, особено на бебињата од „Мајчин дом“ -Битола е фокусот за годинава на Министерството за труд и социјална политика во процесот на деинституционализација.

Освен „Мајчин дом“ наскоро целосно треба да биде трансформирана и установата „Бања Банско“, а корисниците сместени во станбени единици ќе добијат поддршка за самостојно живеење. Ова  e договорено на денешниот координативен состанок на кој e презентиран планот за деинституционализација за следниот период.

На состанокот присуствуваа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, в.д. координаторот на агенциите на ОН и преставник на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс, како и преставници од Европската делегација.

„Раното учење е најважно за понатамошниот развој на децата. Затоа ќе направиме сѐ што повеќе бебиња од институциите да заминат во згрижувачки семејства каде ќе добијат топол дом, нега и љубов. Затоа нашата цел како Влада која што се грижи за секој во општеството годинава е „Мајчин дом“ целосно да се трансформира. Со заедничката кампања со УНИЦЕФ имаме создадено одлична база на над 100 згрижувачки семејста кои ќе се грижат за децата и верувам дека и други семејства ќе го отворат својот дом “, рече министерката Царовска.

Преставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс истакна дека тие како партнери, даваат силна и безрезервна поддршка на целиот процес на деинституционализација.

“Во 2018 беа постигнати одлични резултати во процесот на деинституционализација и ја поздравувам одлуката што оваа година фокусот ќе биде ставен на забрзување на реформите за деца под 3 години. Без разлика колку се посветени, грижливи и професионални, вработените во институциите не можат да го дадат она внимание што е потребно за да им се помогне на децата во најкритичните години од нивниот развој. Само опкружување слично на семејното може да му даде на детето чувство на сигурност, идентитет, припадност и љубов кои му требаат за да напредува, “ рече Перкс.

Во изминатиот период бројот на деца до 18 годишна возраст сместени во институции е намален за 60%. Во Специјалниот завод „Демир Капија“ повеќе нема деца на возраст до 18 години, а целосно се трансформирани и домовите „11 Октомври“ и „25 Мај“. Децата се сместени во мали групни домови во Скопје, Неготино, Тимјаник и Штип, а дел се здомени кај згрижувачи.

Целта на Министерството за труд и социјална политика е да ги трансформира големите институции за што Владата усвои Национална стратегија за деинституционализација 2018-2027 година. Акцискиот план е веќе на сила, што јасно се утврдени потребните чекори, показателите за успех и потребните средства за надлежните институции и чинители во процесот.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.