На барање на Обвинителството за гонење за организиран криминал и корупција, судот им ги замрзна сметките и имотот на осомничените министри за земјоделство Михаил Цветков, Ацо Спасеновски и Љупчо Димовски и на заменик министерот Христјан Делев, објави Макфакс.
Цветков и Делев минатата недела добија 30 дневен во притвор, а ексминистерот Ацо Спасеновски поради нарушено здравје е во куќен притвор. За Љупчо Димовски во текот на неделата ќе биде одржано рочиште за притвор, ако Собранието му го одземе имунитетот.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против нив постои основано сомнение дека сториле кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластувањето при јавни набавки”.
Тие се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.
– Се сомничат дека во времето додека биле министри и заменик минситер склучувале договори за давање земјоделско земјиште под закуп, закупците не го плаќале закупот, а тие не преземале мерки за раскинување на договорите. Треба на јавноста да и кажеме дека единствен овластен за потпишување на договор за закуп и за раскинување на договор за закуп според Законот е министерот, изјави обвинтелката Вилма Рускоска.




