Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичен бара од Јовески и од Собранието да се изјаснат за членот за надлежноста на СЈО

0
By Нова ТВ on February 5, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кривичниот суд ќе побара републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески да се изјасни за тоа кое обвинителство треба да ги води оспорените предмети на Специјалното јавно обвинителство и ќе побара автентично толкување од Собранието на членот 22 од законот за Специјалното јавно обвинителство.

Ова е одлучено на вчерашната средба на судиите од Кривичниот суд, по правното мислење на Врховниот суд  кој ги оспори истрагите и обвиненијата кои ги покрена СЈО по 30 јуни 2017 година и препорача овие предмети да ги преземе редовното обвинителство.

Според Законот за кривична постапка овластен тужител може да биде само обвинителството или приватен тужител, па Јовески треба да се произнесе кој е овластен тужител, обвинителството за гонење на организиран криминал или Специјалното јавно обвинителство. Според правното мислење на Врховен, СЈО е неовластен тужител.

Од Собранието се бара да даде автентично толкување, бидејќи само законодавецот може да даде такво толкување на законските одредби, додека судските органи се само надлежни да ги применуваат одредбите, а не да ги толкуваат, освен ако има различна примена.

-Од исклучителна важност за Судот е правилна и доследна примена на Законот за кривична постапка кој е од примарно значење во водењето на постапките. Во таа смисла е и барањето до јавниот обвинител во однос на примената на член 17 од ЗКП: Член 17 Начело на акузаторност и официјалност (1) Кривичната постапка се поведува и се води само по барање од  овластениот тужител. (2) За дела за кои се гони по службена должност или по предлог на оштетениот овластен тужител е јавниот обвинител, а за дела за кои се гони по приватна тужба овластен тужител е приватниот тужител, стои во соопштението од Кривичниот суд.

„Империја“, „Скопје 2014“, „Талир“, „Поштенска банка“  се истрагите кои СЈО ги покрена во периодот кој Врховен го прогласи за незаконски.

За еден од обвинетите во „Империја“ Орце Камчев утре истекуваат триесетте дена куќен притвор и Кривичен и Апелациски треба да одлучуваат – дали ќе ја почитуваат одлуката на Врховен или не.

Ако двата суда одлучат да им го продолжат притворот на Камчев и на останатите четворица меѓу кои се и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков и сопственикот на „Пелистерка“ Цветан Панделески, тие може да се жалат до Врховниот суд, чие правно мислење е СЈО по истекот на 18е месеци од преземањето на бомбите на 30.12.2015 година, не е овластен тужител  за преземање нови предистраги и предистраги.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.