Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска пред почетокот на работата по точките од 74. седница, ја констатира оставката на претседателот на ДИК, Борис Кондарко.
Кондарко во петокот до Собранието достави барање за предвремен престанок на неговата функција од лични причини. Кондарко беше член и претседател на ДИК на предлог на опозициската СДСМ.
Во петокот тој до Собранието ја достави својата оставка во која побара да биде разрешен на првата седница. Подоцна во соопштение појасни дека оставката ја дава од лични причини.
Кондарко, за член и претседател на ДИК беше предложен од СДСМ. Од таму соопштија дека консултациите за нов претседател се во тек.
Mеѓународниот експерт од ОБСЕ, Астрид Торс денеска ќе допатува во земјава за да помогне да се прочисти избирачкиот список.
На утршната седница ќе присуствува и Торс, од кого очекуваат да им предложи механизам за најдобра проверка на Избирачкиот список.
Доколку ефикасно не биде прочистен, СДСМ се закани дека нема да учестувава на следните избори.




