Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Ќе се расчистува со криминалот дури и ако е внатре во коалицијата

0
By Нова ТВ on February 7, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 7, 2019 09:27

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најавува дека со криминалот ќе се расчистува независно дали е тој и во владините редови.

-Владата нема интерес да не расчисти со криминалот, дури и кога станува збор за коалицискиот партнер ДУИ, изјави Спасовски во интервју за емисијата Отворено на 1Тв. Спасовски не верува дека која било партија се плаши од расчистување со криминалот, дури и во своите редови, затоа што така се јакне демократијата во самите партии и се зголемува довербата кај граѓаните.

Ќе има одговорност за бегството на Груевски

Во врска со бегството на Груевски, за кое вчера Обвинителството објави дека досега не е утврдена одговорност од институциите или поединце во нив, Спасовски вели дека сепак постојат индиции за вмешаност на многу луѓе, но треба да се почека крајот на истрагата и доказите.

-Постојат сомневања за повеќе лица, МВР соработува со ОЈО, кое и во соопштението посочи на сомневање во повеќе лица, но за сега не може да се објави нивниот идентитет, ќе се чека исходот на процесот, рече Спасовски.

На Македонија не и треба консензуален претседател

Спасовски вели дека СДСМ како партија е во процес во кој сите размислуваат каков претседател и е потребен на Република Македонија. Негова лична желба е да изберат најдобар можен кандидат кој ќе биде и најдобар претседател на РМ.

-Објавен е јавен повик и постапка по месните организации, врз основа на статутот, па кандидатот се бира по процедура која тече. Сакаат низ процес на дебата со членовите да дојдат до најдобриот кандидат. Разговараат во партијата, со коалиционите партнери и се следат анкетите за да се најде кандидат кој би бил прифатлив за сите, затоа што во моментов пред почетокот на процедурата за членство во ЕУ и членството во НАТО важно е да победи европската опција, вели Спасовски.

По коментарот на Ахмети за консензуален претседател, тој е убеден дека тоа не и е потребно на Македонија затоа што концептот едно општество за сите дава резултати. Според него, претседателот може да биде личноста околу која ќе се обединат граѓаните и сите етнички заедници. Затоа во процесот на избор СДСМ разговара и со другите партии.

-Кога разговараме за консензуален кандидат сите опции се на маса, се прават сите анализи. Има капацитет ова коалиционо мнозинство да најде консензуален кандидат кој може да го поддржат сите, рече Спасовски. Вели дека во Владата нема криза, се работи со полн капацитет, а секојдневните проблеми се решаваат низ дијалог.

Целиот разговор, од видеото подолу.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.