Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протоколот за Mакедонија во НАТО во Атина: Комисијата го прифати, на ред е Парламентот

0
By Нова ТВ on February 8, 2019 ВЕСТИ
АНА МПА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 8, 2019 09:14

Откако доби зелено светло од надлежната Комисија, нацрт законот за ратификација на Протоколот за членство во НАТО, денеска e на дневен ред на пленарна седница во грчкиот Парламент, а расправата ќе заврши со гласање на пратениците.

-Како што произлегува од расправата и од ставовите на членовите на Комисијата, нацрт законот од Министерството за надворешни работи „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“, е прифатен првично, во целост и од мнозинството, рече вчера претседателот на Комисијата за национална безбедност и надворешни прашања на грчкиот Парламент, Константинос Дузинас, на крајот од пет и пол часовната расправа.

По завршувањето на состанокот, Дузинас, до Парламентот достави извештај во кој предлага да се прифати конкретниот нацрт закон, земајќи ги предвид ставовите на мнозинството членови на комисијата.

Нацрт законот за „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“, беше прифатен од пратениците на СИРИЗА и независниот пратеник, од редовите на Река, Мавротас, додека пак сите останати грчки партии од опозицијата беа против.

За да се изгласа Протоколот за наше членство во НАТО, потребен е минимум 151 глас, а очекувањата во Грција се дека пратениците кои ја поддржаа ратификацијата на самиот договор, денеска ќе го поддржат и Протоколот.

Следните чекори по ратификацијата на Протоколот во грчкиот Парламент ги објасни алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, на брифингот со странските дописници во Атина, одговарајќи на прашањето кога новинарите во нивните текстови и официјално ќе треба да почнат да го користат новото име Северна Македонија.

-По гласањето на Протоколот, праќаме Вербална нота до Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, а тие веднаш, можеби истиот ден, може следниот, ги известуваат ОН и сите земји што ги имаат признато со претходното уставното име, дека новото уставно име е Северна Македонија. Во прашање се денови, рече Катругалос.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.