Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Можен е консензуален претседателски кандидат, за предвремени избори нема став

0
By Нова ТВ on February 8, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 8, 2019 12:37

СДСМ се уште го нема дефинирано својот став дали да оди на предвремени избори, оти дилемата е дали да се оди на нов мандат или да се фокусираат на евроинтеграциите и добивањето датум за пристапни преговори со ЕУ, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

-Дилемата за тоа дали да се распишат предвремени парламентарни избори е помеѓу две опции – дали да се определиме за еден цел нов мандат што е привлечно за политичарите, за да можеме да испорачаме економски ефекти, ефекти на реформи и подобрување на севкупниот живот или да превагне интересот на државата наспроти партиите, а тоа е да не дадеме никаков изговор на земјите членки кои дел од нив генерално се против проширувањето, а Македонија чека позитивна одлука на самитот на ЕУ во јуни, каде верувам дека Евроспакат комисија која е на крајот на својот мандат сака да остави свое наследство. Македонија блеска во делот на политичкото решавање на билатералните отворени прашања и сме пример и за Европа и за целиот свет. Во делот на реформите сме комплетно успешни, рече Заев на новинарско прашање по посетата на Клиниката за неврологија.

Тој додаде дека верува оти Парламентот низ дијалог ќе продолжи консензуално да ги носи своите одлуки, како што впрочем се завршува, рече, и процесот за избор на Антикорупциска каде се гласаше со консензус и оти судските реформи во фервруари Парламентот ќе ги донесе исто така со консензус, како и новите закони за реформи во УБК, во администрација, нагласувајќи дека имплементацијата ќе биде видлива до 26 јуни кога треба да се одржи самитот на ЕУ каде очекува позитивна одлука за Македонија и отворање на поглавјата.

-Тоа е причината која натежнува во одговорноста на носењето на одлуките. Демократската дебата е развиена, ама ако претседателот на партијата го каже својот став ќе ја наруши дебата внатре, вели Заев.

Заев вели дека овие денови разговараат и со коалициските партнери, со политички партии кои се надвор од коалицијата, партии кои не се парламентарни, консултираат, како што вели, многу значајни здруженија на граѓани, прават анкети и анализи и во однос на изнаоѓање најдобриот кандидат за претседателските избори.

-Сакам да ја потенцирам потребата од свесност на нашето општество изразена преку политичките партии и да ги повикам сите да направиме една заедничка, одговорна анализа и да пронајдеме личност или личности зад кои би можеле да застанеме ние како политичари, нашите политички партии заради тоа што граѓаните застануваат зад нив. Ако најдеме такви личности тоа би бил вистински консензуален кандидат кој ќе ги имплементира политиките на ова модерно живеење, на 21. век со прогресот и просперитетот кој Македонија го има и дополнително го очекува, тогаш вреди да направиме напори да дадеме шанса да изнајдеме таква личност, рече Заев.

Тој ги повика и ДУИ и БЕСА на Гаши и БЕСА на Касами, и другите помали партии да се приклучат на ова.

-На локалните избори направивме квантен скок, граѓаните гласаа за личност, не Албанци за Албанци, Македонци за Македонци. Гласавме за личност. Можеме да направиме уште еден скок. Ако изнајдеме квалитетни решенија, вреди ова да го направиме. Можеби ќе успееме можеби не, но вреди да дадеме шанса. До 21 март се поднесуваат кандидатурите. Имаме доволно време за внимателно да анализираме. Треба да посветиме достоинствено внимание, затоа што претседателот на државата е многу важна функција во државата, рече Заев.

Во врска со изјавата на ДУИ дека нема да поддржат кандидат за претседател произлезен од конгресот на СДСМ, Заев рече дека кандидатот заедно ќе го бараат по пат на заедничка анализа.

-Заедно ќе го бараме. Не мораме да чекаме конгрес некоја партија да дефинира, затоа што ако која било партија дефинира, тогаш ги приклонува другите партии да следат. Тоа не е консензуално барање. Консензуално е ако ангажираме од нашите партии и платиме експерти, да ни направат добри анализи и така растоварени, да изнајдеме кандидати. Не зборувам за пратеник, за премиер, за министер, за директор, зборуваме за претседател на државата тука е и одговорноста на сите нас како политичари. Низ една заедничка анализа да изнајдеме вистински личности или личност, да застанеме зад таа личност сите и ако бидат дами тоа е убаво, рече Заев, додадавјќи дека тоа можат да бидат и граѓани од која било етничка припадност и кој било сфера од општественото живеење.

Тој посочи дека нема да се кандидира затоа што има, вели, одговорност да го сработи тоа што е ветено.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.