Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иницијативен одбор: Пресудата за Кежаровски е скандалозна

0
By Нова ТВ on October 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 21, 2013 14:14

Пресудата на Основниот суд 1 во Скопје кој денеска го осуди новинарот Томислав Кежаровски на четири години и шест месеци затвор е скандалозна, со ништо поткрепена и без преседан во европското правосудство, поради што претставува само уште една шајка во ковчегот на веќе погребаната слобода на изразување во Република Македонија, соопштува Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски.

-Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски веруваше во свеста и совеста на судечките судии во Основниот суд 1 во Скопје дека му судат на новинар кој извршувајќи ја својата новинарска задача известувал за незаконски постапки на моќници од МВР и Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање во случајот на убиството во с. Ореше.

Внимателно ја следевме постапката во текот на која единствен доказ против Кежаровски беа двата објавени текста во магазинот „Репортер 92“, во ноември-декември 2008 година.

Донесувајќи ја скандалозната пресуда, судот одбил да види од текстовите дека новинарот имал јасен и недвосмислен јавен интерес да ја информира јавноста оти полицијата мести лажен заштитен сведок против обвинетите во случајот на убиството во с. Ореше, особено што загрозениот сведок Златко Арсовски самиот се разоткри и призна оти бил уценет од полицијата да биде заштитен сведок. Судот ги игнорирал и фактите дека објавувајќи го записникот на сослушување, Кежаровски го објавил само името, а не и презимето на загрозениот сведок, од што никако не може да се открие неговиот идентитет.

Судиите очигледно му подлегнале на сериозниот притисок и влијание од центрите на моќ, па не ги зеле предвид фактите туку само го препишале обвинителниот акт во пресудата дека Кежаровски сторил кривично дело оддавање идентитет на загрозен сведок.

За ова сведочи и казната од четири години и шест месеци затвор за новинарот, што за вакво кривично дело е драстична санкција незабележана во европското правосудство. Дури во случаи пред Хашкиот трибунал за поранешна Југославија, новинари кои оддаваа идентитет односно објавуваа цела листа заштитени сведоци во судења за геноцид и масовни убиства беа осудени на 3 или 6 месечни затворски казни.

Ваквата неразумна пресуда и драконска казна претставува конечна пресметка со слободата на медиумите, слободата на јавното изразување и директна порака до македонските новинари кои ќе се дрзнат да истражуваат и пишуваат за злоупотребите на власта и моќта – дека ги чекаат сигурни решетки.

Се надеваме дека оваа срамна пресуда ќе ја разбуди свеста на демократската и слободарска јавност во Македонија од која очекуваме поддршка со заеднички акции да ја вразумиме судската и политичката власт во Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.