Published: Monday, October 21, 2013 14:55
„Шокирани сме од пресудата за колегата Кежаровски. Тоа е голем удар врз правото на новинарите да истражуваат и да известуваат за прашања од јавен интерес“, стои во денешната реакција Македонскиот институт за мадиуми.
– Со вакви казни, самоцензурата кај новинарите и понатаму ќе расте, што е на штета на правото на граѓаните преку новинарските извештаи да се информираат за тоа како ни функционираат институциите. Искрено се надеваме дека повисоките судови ќе ја преиначат пресудата и ќе го ослободат новинарот, велат во МИМ.




