Во изминатиот период Либералната парија се воздржуваше од коментирање судски пресуди. НО, ПРЕСУДАТА ПРОТИВ НОВИНАРОТ КЕЖАРОВСКИ Е СКАНДАЛОЗНА И БЕЗ ПРЕСЕДАН, се вели во соопштението на Либералите.
Потсетуваме дека за истоветно обвинение од Хашкиот трибунал новинари кои беа прогласени за виновни, беа казнети парично и условно, но никако со затворска казна.
Оттука, ЛП на оваа пресуда гледа како на нова форма на притисок врз новинарите, започнат со донесувањето на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, надвор од секоја добра судска пракса на европско тло.
Свесни дека ваквите вонредни околности бараат вонредни правни лекови, го обновуваме нашиот повик до Министерството за правда да отпочне постапка за аболиција на новинарот Томислав Кежаровски и се придружуваме на сите новинарски асоцијации кои сметаат дека ова е најдоброто решение за излез од новонастанатата состојба што несомнено има далекусежни последици, се вели во соопштението на ЛП.




