Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 17 часот на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци. Според првичните информации автобусот кој сообраќал од Скопје кон Тетово преминал на другата лента и се превртел на кровот, а има информации и дека му пукнала гумата.
Според првичните информации од СВР Тетово во автобусот имало најмалку 50 патници и сите се повредени, но уште не се знае дали имаа загинати.
Повредените со возила на Брзата помош се пренесуваат во скопската болница „8 Септември“. Возачите и патниците од приватните возила кои се нашле на лице место, помагаат при транспорт на повредените до Скопје.
Автобусот бил на агенцијата Дурмо турс Гостивар.
Патот Тетово – Скопје е затворен на патарината кај Желино.
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, на Фејсбук напиша дека четворица повредени се хоспитализирани во Клиничкиот центар во Скопје, а останати 20 во „8 Септември, и дека сите патници од автобусот биле од Гостивар.




