Претседателот Иванов, придружуван од министерот за здравство Тодоров вчера отпатуваа во Кина, каде ќе останат до 24 овој месец.
Денеска како што соопштува МВР и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска заминува на престој во Народна Република Кина каде ќе остане до 25 октомври, а предвидено е да ги посети Пекинг и Шангај.
Соработката помеѓу Република Македонија и Народна Република Кина денес е на највисоко ниво на развој, како на политички, така и на економски план, со тренд на зацврствување и интензивирање, за што зборуваат и се почестите средби на највисоко ниво, истакна од Пекинг претседателот Ѓорге Иванов по приемот по повод одбележувањето 20 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.
Основата за соработката, како што рече, е во споделените вредности на двете култури.
Можностите за економска соработка меѓу Република Македонија и Народна Република Кина се неисцрпни. Имаме добри искуства на полето на енергетиката што треба да се прошири и продлабочи и на другите полиња, како што се земјоделството и кинеските директни инвестиции, рече Иванов.
Јанкулоска пак денеска во Пекинг, ќе се сретне со државниот советник и министер за јавна безедност Гуо Шенгкун.
А министерот Тодоров имал средба Ванг Гуочанг, заменик-министер во националната комисија за здравје и семејно планирање (пандан на Министерство за здравство) и одговорен на државната администрација за традиционална кинеска медицина, каде беше разговарано за конкретните чекори за воспоставување на традицоналната медицина во Македонија.




