Сум видел многу болка, но ништо не може да се спореди со оваа трагедија. Никој не знае кои биле нивните последни мисли. Никој не знаел дека ќе го загуби својот живот вчерашниот ден. Болката останува на тие кои преживеале. Многу е тешко да ја контролираме нашата болка. Од овој немил ден сите да разбереме дека животот е краток. Го молам Господ да ги прифати што е можно поблиску загинатите – рече градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари на Комеморативната седница по автобуската несреќа во која загинаа 14 лица, а на која присуствуваше и претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев.
Тој испрати сочувство за семејствата на загинатите и брзо оздравување на повредените
„Повеќето за среќа преживеаа, триесетина веќе се лекуваат и не се во животна опасност. Денеска им велиме збогум на 14 несреќни патници кои не успеаја да се вратат во нивните домови, да се молиме да се прифатат во божјиот дом – рече Таравари кој додаде дека ова бил најтешкиот говор во неговиот живот.
На Комеморативната седница присутвуваше и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов кој изрази сочувство до семејствата на загинатите.
„ Во овие моменти, тагата треба да ја споделуваме и да помислуваме на живите. Луѓето не умираат кога ќе ги погребаат, туку кога ќе ги заборават. Да се сеќаваме на овие луѓе, на нивните најблиски да им помагаме. Тешка е загубата, но уште потешко е ако вакви настани ни се повторуваат. Ова е поука да бидеме секој пат внимателни. Нека биде поука да бидеме сполотени да се почитуваме и да си даваме поддршка. Животот е краток и брзо проаѓа. Изразувам најдлабоко сочуство до семејствата, блиските, пријателите. Ова е тажен ден за Македонија“, рече Иванов.
Сочувство до семејствата на загинатите патници упати и премиерот Зоран Заев.
„Ќе направиме сè за да се откријат причините за несреќата и на повредените да им овозможиме побрзо излекување, рече премиерот Зоран Заев на Комеморативната седница.




