Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Патник во автобусот: Пред несреќата се слушна тропање, а возачот се обидуваше да го држи правецот

0
By Нова ТВ on February 14, 2019 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 14, 2019 16:41

Еден од патниците кој ја преживеа тешката сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово за телевизија Клан рече дека пред да се случи несреќата почувствувал дека нешто се случува и отишол кај возачио за албанските медиуми раскажал за тоа што доживел. Патникот изјавил дека првично слушнал врева внатре во автобусот и потоа шоферот ја изгубил контролата и излетале од патот.

„ Во 16:15 часот излегов од работа од Mинистерство за економија и околу 16 и 30 тргнавме од станицата кај Симпо во Карпош и тргнавме на пат. Се сеќавам дека бев седнат на третото седиште не од страната на возачот, туку од другата страна. Нешто почна да тропа и забележав дека нешто не е во ред. Станав и си помислив да не заспал возачот или нешто друго се случува. Го видов возачот, беше стегнат зад воланот и се потрудив да скокнам кај него, да му помогнам да го држи правецот, но во тој момент го изгуби правецот и помина на другата лента, на правецот Тетово – Скопје. За среќа немаше други возила на другата лента и само се стегав за седиштето. Само го паметам моментот кога автобусот се судри со асфалтот и кога застана  излегов преку прозорот. Имам повреда само на едната рака“ изјави Бејтула Нухиу за телевизија Клан.

https://www.facebook.com/KlanMacedonia/videos/1794255040681118/?t=46

Од Обвинителството соопштија дека увидот на местото на несреќата е завршен и дека автобусот  е кренат од местото на несреќата и по наредба на јавниот обвинител врз него ќе се врши детално техничко вештачење од страна на Mашинскиот факултет во Скопје. Првите проверки за исправноста на возилото покажуваат  дека автобусот бил набавен во 2001 година, а последен пат бил регистриран во јануари 2019 година.

Од компанијата „Дурмо турс“ од Гостивар во чија сопственост е автобусот ќе биде побарана целокупната документација за дозволите за јавен превоз кои ги поседува, одржувањето на возилата, бројот на патници и продадени карти во автобусот кој сообраќал на релацијата Скопје-Тетово, како и податоци во врска со работното време и релациите кои ги поминал возачот на критичниот ден.

Веднаш по несреќата јавен обвинител имал првичен разговор со возачот и  тој не дал релевантни податоци за целиот настан.

Анализата на примероци на крв и урина покажала дека во моментот на несреќата кај возачот не е регистрирано присуство на алкохол, лекови или психотропни супстанции. Со барање на листинзи од мобилен оператор ќе се утврдува дали возачот во моментот на несреќата користел мобилен телефон – велат од Обвинителството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.