Published: Tuesday, October 22, 2013 13:07
Стечајците од денеска доставуваат неплатени сметки и извршни решенија до Владата, тврдејќи дека немаат за леб, а сметките може да ги платат политичарите кои се уште се немаат договорено за предлог законот со кои се решава нивниот статус.
Стечајката Љиљана Георгиевска вели дека на комисијата на која се расправало законското решение биле сведоци на нечовечност.
„И покрај нашите укажувања за тоа како живеат стечајците, како се справуваат со болести, до кој степен се дојдени со наплатување на сметки, со долговите кон државата, верувајте дека немаше ниту трошка почит или сожалување од нивна страна“, вели Георгиевска.
Таа смета дека политичарите ги користат стечајците за да приберат гласови.




