Published: Sunday, February 17, 2019 21:16
Претседателот на ДУИ Али Ахмети открива дека идејата за заеднички кандидат на претседателските избори на албанските партии пропаднала поради тоа што опозициските партии одбиле.
-Јас подадов рака, но албанските опозициски политички партии излегоа со многу навредувачки ставови и не ја прифатија. Мене ми е жал за ова. В понеделник ќе има средба на коалициските партнери. Ние стоиме на нашиот принцип за претседател на државата со договор помеѓу партиите кои имаат легитимитет, на албанската и македонската страна. Има волја за да се постигне договор, но ова зависи од страните кои ќе се сретнат в понеделник, изјави Ахмети, во интервју за РТК по повод 11 годишнината од независноста на Косово.
И од СДСМ и од ДУИ потврдија дека утре лидерите Заев и Ахмети ќе ги почнат разговорите за евентуален консензуален кандидат со кој би настапиле на претседателските избори.




