Парламентарните избори во Чешка ќе започнат оваа недела, а уметникот Дејвид Черни постави огромна виолетова статуа со долг среден прст по течението на реката Влтава во Прага. Статуата е монтирана на чамец во реката.
Таа е насочена кон Прашкиот замок, седиштето на претседателот Милош Земан.
Черни ги шокирал и исмејувал политичарите и јавните личности и во минатото, пренесува BBC.
Последното негово дело е јасна порака до претседателот Земан и неговата политичка партија.
Засега е нејасно колку време прстот ќе остане таму; уметникот Черни сеуште се нема изјаснето за ова дело, објаснувајќи им на новинарите дека самиот гест зборува за значењето со тоа што е упатен кон одредена насока.