Стојанче Ангелов е кандидат за претседател на политичката партија „Достоинство“ на претстојните претседателски избори во 2014 година.
Како што информира на денешната прес – конференција потпретседателот на партијата Благоја Марковски активностите на партијата прво, согласно законските рокови, ќе бидат насочени на собирање 10.000 потписи на избирачи за кандидатура на Ангелов.
– Со почит кон досегашните претседатели Киро Глигоров. Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов кои беа претседатели во најтешкиот период, период на создавање на независна македонска држава и одбрана на нејзиниот територијален интегритет и тешки предизивиц, ми преостанува доколку бидат избран за претседател во наредниот период на уште потешки предизвици, да ветам дека поцврсто, попринципиелно и бескомпромисно ќе се борам и ќе ги застапувам и бранам македонските национални и државни интереси, изјави Ангелов.
Од „Достоинство“ посочуваат дека генералот Ангелов ќе ги бара гласовите од незадоволните граѓани од случувањата во изминатите 20 години. Ангелов, истакна шефот на изборниот штаб Зоран Крстевски, е против промена на името на Република Македонија и против референдум како можност за, како што велат, самообезличување




