Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Откажана средбата со Заев-Села се налути по одземањето на ингеренциите на Таравари

0
By Нова ТВ on February 20, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 20, 2019 13:58

Средбата меѓу претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села со премиерот Зоран Заев што требаше да се одржи денеска како дел од разговорите за заеднички претседателски кандидат, е откажана на барање на Села.

Тој бил лут по одлуката на Министерството за образование  за одземање на ингеренциите на градоначланикот на Гостивар Арбен Таравари за именување и разрешување на директори во основните и средните училишта.

Со одлука на министерот за образование Арбер Адеми, на Травари му е забрането да избира и да разрешува директори во наредните девет месеци.

Заев денеска потврди дека лидерот на Алијансата за Албанците во знак на револт ја откажал денешната средба, но остава простор за натамошна комуникација и, како што вели, го разбира револтот, но законите мора да се спроведуваат.

– Се слушнав со господинот Зијадин Села. Во знак на револт поради одземените надлежности во образованието на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари од страна на Министерството за образование тој ја откажа средбата. Се надевам, оставивме простор за комункација заради тоа што тоа е вредно. Јас работам и со самото Министерство, законите мора да се спроведат секако, да ги гледаме позитивните основи на самите закони, изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања, по пуштање во употреба на новата сала за јавни услуги од повеќе институции.

Вели дека како поранешен градоначалник е свесен што значи одземањето на надлежностите на која било општина без оглед дали е тоа Струга, Куманово, Гостивар.. и најави дека ќе се бара решение на заедничка средба со градоначалникот на Гостивар и министерот за образование.

– Го сфаќам револтот, драго ми е што се слушнавме со Зијадин Села и веројатно ќе најдеме друг начин на комуникација која што ќе конвергира кон оваа важна одлука за државата. Останувам оптимист. Неможам да кажам дали сум сигурен заради тоа што допрва следуваат одлуки на органи и тела на политичките субјекти со кои се сретнав и со кои ќе се среќавам, изјави Заев, посочувајќи дека очекува  позтивен потик за целиот процес и на утрешната средба со Билал Касами од БЕСА.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска изјави дека оваа одлука не е реваншизам и не е политички мотивирано.

– Се соочивме со низа нерегуларности во однос на разрешување и именување на директори во основни и средни општински училишта. И како Министерство сме биле приморани да реагираме бидејќи такво задолжение имаме од законот. Разрешени се речиси сите директори на основни и средни училишта без постапка, именувани се директори во сите училишта каде имало разрешување без постапка и огромен дел од тие директори што биле именувани на такви позиции не ги исполнувале условите пропишани со закон да бидат именувани како директори, изјави Адеми по посетата на Основното училиште „Братство“ во Општина Карпош.

Министерот за образование и наука рече дека се соочиле и со ситуации каде еден директор за многу краток период бил разрешен два пати.

– Првпат кога се вратени надлежностите, по укажувањето на Државниот просветен инспекторат (ДПИ) пак ги вратил за да ги разреши вторпат по шест дена. И првиот и вториот пат на разрешување се именувани исти кандидати кои не ги исполнуваат условите за да бидат избрани за директор, рече Адеми.

Ова, како што рече, е непопопуларна мерка, но е мерка која е задолжителна за МОН во вакви ситуации. Додаде дека таква мерка никој не би посакал да преземе освен во ситуации кога е принуден.

– И пред една година кога првпат му беа одземени надлежностите имаше исти вакви небазирани обвинувања, па во времето кога беа вратени тие надлежнисти тој призна и рече дека направил грешка. Таква изјава е достапна за целата јавност бидејќи мислам дека пред три месеци ја даде во мое присуство и пред целата јавност. И сега велам дека тие обвинувања се небазирани, неосновани и затоа подобро демантирање на неговите изјави се незаконските постапки кои ги спровел во Општина Гостивар во насока на именување и разрешување на директори, а кои се отсликани детално во нашето решение за одземање на надлежности, појасни министерот Адеми.

Општина Гостивар ова го оцени како политичка одлука и тврди дека со последното разрешување и именување директори од страна на градоначалникот Арбен Таравари немало повреда на процедурите.

Раководителката на Секторорт за јавни дејности при Општина Гостивар Аслиан Снопче на прес-конференција покажа документи за кои рече дека се аргументи против одлуката на Министерството за образование и наука.

– Одлуката за oдземање на надлежностите вторпат не се базира врз законот, туку е само политичка. По увидот во основните училишта Државниот инспекторат за образование  утврди дека конкурсите за избор на директори во времето на добивање на надлежностите од Општина Гостивар не се објавени во три дневни весници, туку само во два. Од тие причини градоначалникот Таравари донесе решение со кое се прогласуваат за ништовни решенијата за избор на директори, на ист начин како што постапи и министерот кој сега донесува одлука за одземање на ингеренциите. Таков е случајот и со ООУ „Прпарими“ во Чегране, рече Снопче.

Таа потенцираше дека Инспекторатот утврдил дека при поништувањето на решенијата градоначалникот на Гостивар постапил според законот и не е констатиран прекршок.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.