СДСМ има одговорност и обврска пред граѓаните, да го разобличи милионскиот криминал поврзан со Скопје 2014.
Затоа, денес, јавно, ќе ги објавуваме сите дополнителни 40 договори за објектот „Стар театар“ вредни над 33 милиони евра. Јавноста нека види кој манипулира а кој зборува вистина, објави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
Обраќајќи и се на Канческа Милеска, Пилегов презентираше 40 дополнителни договори од Бирото за јавни набавки за Стар театар, во вредност од 33 милиони евра. Побара одговор на многубројни прашања:
– Дали Госпоѓо Канческа Милеска е лага овој договор, за дополнителни работи за објект Стар театар за изведба на хидротехнички инсталации склучен на 18.06.2013 година во постапка со преговарање, без оглас, без меѓународна објава и без електронска аукција, вреден 46.212 евра?
– Дали е лага овој договор за изведување на дополнителни и непредвидени работи на објект „Стар театар“, склучен на 20.12.2012 година, во постапка со преговарање, без оглас, без меѓународна објава и без електронска аукција, вреден 225.449 евра?
– Дали е лага овој договор за дополнителни и непредвидени работи за објект „Стар театар“, склучен на 03.11.2011, во постапка со преговарање, без оглас, без меѓународна објава и без електронска аукција, вреден 348.649 евра?
– Дали е лага овој договор за изведување на дополнителни и непредвидени работи за објект Стар театар, склучен на 24.01.2012 година, во постапка со преговарање, без оглас и без меѓународна објава, вреден 244.456 евра?
– И дали е лага образложението дека „таквите дополнителни работи или услуги не можат да бидат технички или економски одделени од основниот договор „без поголеми проблеми за договорниот орган“?
– Дали госпоѓо Канческа Милеска е лага овој договор за дополнителни и непредвидени работи, склучен на 14.03.2012 година, во постапка со преговарање, без оглас, без меѓународна објава и без електронска аукција, вреден 369.910 евра?
– Дали е лага овој договор за изведување на дополнителни и непредвидени работи за објект Стар театар, склучен на 06.09.2012 година, во постапка со преговарање без оглас, без меѓународна објава и без електронска аукција, вреден 57.655 евра?
– Дали госпоѓо Канческа Милеска е лага овој договор за дополнителни и непредвидени работи на Стар театар, склучен на 18.09.2012 година, исто така без оглас, без меѓународна објава и без електронска аукција, вреден 706.286 евра?
Госпоѓо Канческа Милеска, велите дека овие 7 договори што си споменав, склучени во постапка со преговарање, без оглас, вредни 2 милиони евра се лажни? Ако некој шири лаги и манипулации тоа е Министерството за култура, рече на крај Шилегов.




