Ново во рундата преговори на експертскиот тим на заедничката комисија помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија што се одржаа изминатите два дена во Скопје, е дека постои усогласеност во однос на Свети Наум, Свети Климент и на Цар Самуил и препорака до Владите на двете држави за заедничко чествување на овие три личности.
-Оваа комисија има два аспекти – едниот од нив е заедничко чествување на одредени историски личности и настани, при што нашиот фокус се историски личности и настани кои се извор на историографско – политички конфликт помеѓу двете држави и пречат во развојот на добрите односи помеѓу двете држави, вели историчарот и член на експертскиот тим, Петар Тодоров.
-Наша работа е да дадеме препораки до Владите, а на владите да постапат согласно нашите препораки. Нашиот предлог е да се слават ови личности при јубилејни, при значајни датуми, вели историчарот Тодоров во интервјуто за 1ТВ.




