На барање на НОВА, американската Амбасада испрати пишан став за пресудата на новинарот Томислав Кежаровски, кој ви го пренесуваме во целост:
-Амбасадата не коментира за тековните судски случаи. Сепак, наша конзистентна политика е поддршка на Македонија во евро-атлантските аспирации.
Двете примарни цели на било која земја со евро-атлантски аспирации се почитување на владеењето на правото, односно непристрасна примена на законот, како и постоењето на слободни и независни медиуми.
Ние продолжуваме со ангажманот во спроведувањето на законот во Македонија, како и судството во поглед на нашата заедничка цел на зајакнување на владеењето на правото, и обезбедување на слободни и независни медиуми.
Овој случај покрена загриженост во врска со двете од овие прашања, и затоа ние одблиску ќе ги следеме настаните со што би продолжиле да ја поддржуваме Македонија на патот кон евро-атлантската интеграција, се вели во пишаниот став на американската амбасада, побаран од НОВА, за пресудата на новинарот Томислав Кежаровски.




