НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДСЗИ: Операцијата на починатото момче ја извршил лекар од ПЗУ„ Јанита“ во изнајмена сала

0
By Менче Атанасова Точи on February 22, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот санитарен и здравствен инспекторат го соопшти името на ординацијата каде што му била извршена интервенција на 29 годишно момче кое што вчера почина во Градската општа болница„ 8 Септември“. Станува збор за ПЗУ „Јанита“ која се наоѓа во општина Тафталиџе. Името на втората каде што лекарот изнајмил операциона сала се уште не се соопштува бидејќи таму, се уште трае инспекцискиот надзор.

„ Се работи  за ПЗУ „Јанита“, а лекарот кој што ја извршил интервенцијата е Звонко Николовски, специјалист по општа хирургија. Тој за да ја изврши интервенцијата изнајмил операциона сала во друга приватна здравствена установа, каде што се уште трае инспекцискиот надзор и се проверуваат сите документи“, изјави за НОВА и Ирина Бухова, директорка на ДЗСИ.

Таму ќе треба да се утврди дали смееле да вршат таква интервенција, каква опрема имаат, со каков кадар располагаат, кога се земени брисеви последен пат од операционата сала.

Неофицијално, лекарот кој што ја извршил интервенцијата на хемороиди, доаѓал дома кај момчето после операцијата  за да му дава инфузија.

Како што веќе објави НОВА, кога ситуацијата се влошила младиот човек бил префрлен во болницата „8 Септември“, каде по неколку часа починал.

НОВА  стапи во контакт со ПЗУ „Јанита“од каде што ни одговорија дека нема ништо спорно во тоа што била изнајмена операциона сала во друга здравствена установа. Од таму потврдија дека интервенцијата на хемороидите била правена во понеделникот, а вечерта момчето почнало да повраќа и добило дијареја, но без температура, како што претходно беше потврдено од ДСЗИ. Потврдија и дека му давале инфузија во неговиот дом.

„ Ние бевме цело време со него и во болницата „8 Септември“, каде беа направени сите анализи. Некои параметри покажаа поретемување на црниот дроб. Момчето немаше температува. Но, треба да ги почекаме резултатите од инспекцискиот надзор, кога ќе имаме точни информации што се случило“, изјавија за НОВА во ПЗУ„ Јанита“.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат го започна инспекцискиот надзор на повик од службите од болницата по смртта на момчето. Нема официјална потврда за причината за смртта, но се претпоставува дека најверојатно станува збор за сепса. По барање на семејството телото не било предадено на обдукација.

Момчето било донесено на 21.02. 2019 година( вчера) во 11 часот, а починало вечерта меѓу 18 и 19 часот болницата „8 Септември“.

Од Градската општа болница „8-ми Септември“  соопштија дека сите информации ќе се добијат од ДСЗИ кој врши вонреден инспекциски надзор , а сите потребни информации и податоци се дадени на инспекторскиот тим. Се во во интерес на расчистување на евентуалните пропусти.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.