Балканскиот медиумски барометар состојбата со медиумите во Македонија ја оцени одвај со доволен, два. Истражувањето организирано од Фондацијата Фридрих Еберт беше спроведено во април годинава во соработка со невладината Јавност.
Оттаму велат дека ако се додадат работите кои уследија потоа на медиумска сцена, веројатно резултатите ќе беа уште полоши.
Отсуството на дијалог со власта ,бројните судски процеси кои што се водат, како и висината на изречените казни се во драматичен несклад со социјалниот статус на новинарите и медиумите стои во публикацијата.
Истражувањата се засновани на основа на 44 показатели кои како метод се користат во истражувањата и на Советот на ЕУ.
Очекувањата на експертите се дека и во наредните години нема да се подобри актуелната ситуација со медиумите.




