Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богоевски: Собранието треба да одлучува по барањето на Судот, а не по ставот на Комисијата

0
By Нова ТВ on February 24, 2019 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 24, 2019 15:29

Претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно – имунитетни прашња Павле Богоевски смета дека Собранието треба да одлучува по барањето на Судот за одземање на имунитетот на Трајко Велјановски, и покрај тоа што на комисијата 4  пратеници од СДСМ, гласаа „за“, а  4  пратеници од ВМРО ДПМНЕ „против“.

„Извештајот од седницата на Комисијата е поднесен во собраниските служби и соодветно архивиран со што се исполнети условите предвидени во чл.53 ст.5 од Деловникот на Собранието за одржувањето на комисиската седница.

Согласно чл.54 ст.1 врз основа на извештајот на Комисијата за деловнички и мандатно- имунитетни прашања, Собранието најдоца во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот (до недела на полноќ), одлучува по барањето (а не по ставот на комисијата)“ вели Богоевски.

Тоа значи дека се исполнети сите услови за Претседателот на Собранието да закаже пленарна седница во предвидениот рок. Немањето став на Комисијата, во никој случај не значи дека Собранието не треба да расправа по барањето од Судот.

Богоевски потврдува дека на пратеникот од ДУИ Агим Шакири му се слошило и тој морал да ја напушти работата на комисијата. Но не е јасно зошто не дошла неговата заменичка.

Богоевски очекува  Претседателот на Собранието да ја исполни својата должност и да закаже седница во предвидениот рок, до денеска на полноќ.Трајко Велјановски е осомничен дека  како претседател на Собранието бил меѓу организаторите за упадот во Собранието на 27 април.

Пратениците не гласаа ниту за имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување и дека заедно со уште тројца други министри го оштетиле Буџетото од над  1,4 милиони евра.

На 2 март Комисијата за деловнички и мандатно – имунитетни прашања со 5 гласови за и 4 против гласаше да му се одземе имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски.

На 4 март, претседателот на Собранието ја закажа седницата за одземање на имунитетот, но по говорот на Павле Богоевски седницата по оваа точка беше прекината, со образложение дека не се присутни мнозинството пратеници.

Од тогаш поминаа 3 недели, а претседателот на Собранието се уште не закажа продолжение на седницата за одземање на иумнитетот на пратеникот.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.