На Меѓународниот ден на човековите права – 10 Декември оваа година за првпат ќе биде доделена државна награда за човекови права „Мето Јовановски”.
Новата државна награда е именувана по Мето Јовановски (1928-2016), писател, основач и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права и еден од основачите на невладината „Транспарентност – нулта корупција”.
Јовановски беше истакнат активист за човекови права. Тој беше и претседател на Македонскиот ПЕН центар, припадник на повоената генерација македонски писатели кои меѓу првите пишуваа на македонски јазик и го создаваа и ширеа македонскиот јазик.
Во кариерата долга шест децении, творештвото на Мето Јовановски брои над 30 книжевни дела.
Објавуваше збирки песни, раскази, романи, песни за деца, а од нив, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици, а Јовановски преведуваше од англиски и руски јазик. Автор е на расказите и негови најпознати дела преведувани на повеќе светски јазици: „Јадреш“, 1957, „Мени на мојата месечина“, 1959, „Првите човекови умирања“, 1971, „Патот до осамата“, 1978, „Крстопат кон спокојот“, 1987, „Љубовта на Грифонот“, 2005.
Ги напиша романите „Хајка на пеперутки“, 1957 „Слана во цутот на бадемите“, 1965, „Земја и тегоба“, 1968„Сведоци“, 1970„Будалетинки“, 1973, „Орловата долина“, 1979, „Крлежи“, 1984 и „Балканска книга на умрените или Ослободување преку зборување“, 1992.
Автор е и на две книги за деца „Љуман арамијата“ од 1954 и „Војвода над војводите“ од 1980.
Мето Јовановски почина на 88 годишна возраст на 23.декември 2016 година по кратко боледување.




