Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МТСП: Дезинформација се вестите за родител 1 и родител 2

0
By Нова ТВ on March 1, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 1, 2019 12:34

Министерството за труд и социјална политика најостро ги демантира дезинформациите и лажни вести кои ги шири ВМРО ДПМНЕ во однос на новиот предлог Закон за спречување и заштита од дискриминација, според кои, со овој закон се брише семејството и термините мајка и татко.

Ова воопшто не е предмет кој се уредува со овој закон, се вели во соопштението.

– Законот за спречување и заштита од дискриминација е т.н. lex specialis, односно не ја уредува детално секоја област на која се однесува. Во новиот предлог закон се вклучени општи одредби, кои подетално се уредуваат во посебни закони. Конкретно, одредбата за “бракот дека е заедница меѓу маж и жена” е уредена во Законот за семејство и таму нема промени за ова прашање. Во Република Северна Македонија бракот, како и вонбрачната заедница, се заедници меѓу еден маж и една жена, и родителите се именуваат како татко и мајка.

Законот за спречување и заштита од дискриминација, со вклучувањето на основите на сексуална ориентација и родов идентитет, ја проширува заштитата од дискриминација кон оваа група на граѓани. Ова законско решение овозможува превенција и еднаков пристап до механизмите за заштита од дискриминација за сите граѓани. Основа за донесување на овој закон е токму Уставот на Република Северна Македонија, во кој се утврдени основните слободи и правата на човекот и граѓанинот, велат од Министерството.

Исто така, се нагласува дека Законот за спречување и заштита од дискриминација има добиено позитивни мислења од Венецијанска комисија, од Обеднитетите нации, од ЕУ и од ОБСЕ-ОДИХР. Тие истакнуваат дека Република Северна Македонија, со ова ново законско решение, прави значаен чекор во борбата против сите форми на дискриминација, почитувајќи го и вклучувајќи го законодавството на ЕУ и меѓунардоните стандарди за човекови права.

МТСП апелира до јавноста да не подлегнува на манипулации и лажни информации. Законот за спречување и заштита од дискриминација е достапен за секој, може да се види на веб страната на Министерството за труд и социјална политика и на веб страната на Собранието на Република Северна Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 21, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

ВЕСТИ June 21, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД би можеле да го „преземат“ Ормускиот теснец доколку…

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.