Ординацијата за пластична и реконструктивна хирургија „Др-сци Митаноски„ работела на „диво“ и бидејќи немала простор, опрема и кадар досега требало да биде затворена. Носителот на дејност др. Митаноски се пензионирал во 2012 година и немал валидна лиценца за работа, односно не ја обновил како што потврдија од Лекарската комора.
Во оваа ординација др. Звонко Николовски направил дури 130 операции каде што изнајмувал сала, инструмени и медицинска сестра од 2009 година до сега кога склучил договор со ординација иако работела на „диво“. Ова го констатирал ДСЗИ од каде велат дека ќе бараат од Министерството за здравство да им ги одземе дозволите за работа на двете ординации ПЗУ „Јанита“ и „Др-сци Митаноски„. ДСЗИ досието за овој случај ќе го истратат до Основното јавно обвинителство.
„Бараме одземање на дозволите за работа и ќе иницираме стручен надзор од страна на министерот за здравство, а целиот предмет ќе испратен во ОЈО“, изјави др. Ирена Бухова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Во Изјавата која што ја доставил до ДСЗИ, хирургот Николовски признал дека соработувал со анестезиологот Снежана Кавајн од болницата „8 Септември“ која очигледно доаѓала на повик кога се изведувале операциите.
НОВА неофицијално дознава дека во хемокултурата од починатиот Булент Ибраим е пронајдена бактерија која предизвикува сепса.
Минатата недела во Грдадската болница „8 Септември“, почина 38 годишниот Булент Ибраим, откако три дена претходно бил операиран од хемороиди од страна на хирургот Звонко Николовски од ПЗУ„ Јанита“кој изнајмувал операциона сала во „Др-сци Митаноски“.