Премиерот Зоран Заев рече дека е „можно уште денеска да се знае името на претседателскиот кандидат“. но не сакаше да потврди дали Стево Пендаровски е фаворитот на владеачката колаиција за оваа функција.
„Стево Пендаровски е еден од кандидатите за кои ќе разговараме. Ние попладне ќе се собереме и разговараме со сите политички партии кои изразија подготвеност да настапиме со консензуален претседател. Десет кандидати разгледуваме, имаме и свои фаворити затоа што граѓаните ни испратија јасна порака што сакаат да видат кај нашиот претседателски кандидати. Ќе ги земеме в предвид сите аналитички аспекти во смисла на тоа идниот претседател да биде претседател на сите граѓани, да го чувствуваат за свој и биде мотивирачки кандидат за излезност на граѓаните. Во 16 часот седнуваме и ги разгледуваме сите кандидати и ќе донесеме заедно мудра одлука “ рече Заев.
По партискиот состанок во седиштето на СДСМ, коалициските партнери и другите партии кои даваат поддршка за заеднички претседателски кандидат, вечер во 20 часот во хотел „Хилтон” ќе одржат средба по која се очекува да биде соопштено кој ќе биде заеднички кандидат за претседател на владеачката коалиција.




