Published: Wednesday, October 23, 2013 13:02
Вчера околу 19,00 часот во атарот на с.Башино Село-велешко, после мостот на реката Вардар, З.Т.(43) од Велес со своето теретно возило се обидел да прегази полициски службеник, соопштува МВР.
Откако полицијата го фатила со неговиот камион натоварен со песок, тој спротивно на наредбите на полицајците влегол во возилото и песокот го истурил по што се обидел да го прегази полицискиот службеник.
Со кренат кипер З.Т. закачил телефонските жици кои се искинале и се искршиле три дрвени бандери, по настанот З.Т. со камионот се упатил на локалниот пат Велес-Башино Село на начин што ги загрозил и другите учесници во сообраќајот.
МВР најавива по целосно расчистување на случајот да биде покрената соодветна пријава.




