НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Внимавајте, некому му се допаѓате

0
By Биљана Секуловска on March 2, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во светот на современата медиумска пропаганда, руската машинерија, исцртана со мапите на фабриките низ светот, е докажан мотор на путинизмот, негов столб на моќта и железната рака со која владее, со која во последните години се обидува да посегне и по светот.

Пропагандата не е само негов производ, туку и семето од кое изртуваат секојдневните успеси на Путин, веќе со децении, кои почнуваат на светот да му се чинат како столетија на кошмарот. Инструментализацијата на медиумите, за да се обезбеди послушност и покорност кон државата и Партијата, се најголемото оружје во сталинизмот, кога “се користеле скоро ексклузивно како методи на пропагандата и агитацијата” (Сиберт).

Корените на склоноста кон пропагандите вештини секако дека треба да се бараат  во 16.годишното службување на Путин во КГБ, но почетокот во собирање на светските плодови многу често се гледа со дебаклот на Британија со Брегзит, како увертира, по која следи климаксот.

Тоа е устоличувањето на Трамп, чекор по чекор, истрага по истрага, кога почнуваат да се расчленуваат и разоткриваат етапите на соништата за составување на нова светска карта во која ќе владее само тој- Владимир Владимирович Путин.

Македонија е само малата точка на руското влијание, онаа преку Велес, која секако дека не е избрана случајно, затоа што подоцна ќе се испостави дека се претвора во дел од големата карта за пораз на самото владеење на Груевски, после објавувањето на бомбите.

Сега, кога се поврзуваат точките на мапата на лажните вести, комуникациската фабрика на ВМРО-ДПМНЕ само се насетува дека можеби и може да се поврзе со сегашната разулавена предизборна пропагандна машинерија на социјалните мрежи и креирањето на опасни, манипулативни, лажни вести.

Скоро секојдневно, трагедиите кои ги нудат медиумите се на праг да експлодираат- создавањето хистерија и паника низ новите медиуми- социјалните мрежи и интернет порталите, при креирањето лажни вести за трговијата со органите, за веднаш да следува измислувањето на нови, родителски улоги преку Родител 1 и Родител 2.

Подоцна, често и слепо, овие лажни вести од Фејсбук ги преземаат традиционалните медиуми, изнудувајќи френетични аплаузи и рејтинзи во гротеската на  создавањето медиумска клима.

Креирањето лажни вести во обид да се рони секојдневно владеењето на Заев, и со тоа, и кандидатот на коалицијата, стануваат второто име на предизборието.

Во исто време, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека води строго политичка кампања, инсистирајќи дека е зацртана по сите црковни канонски правила, чиста, света, наивна и невина.

Притоа, Силјановска нагласува дека чувствува презир кон помислата на црна кампања кон противникот (кој дури неколку часа веќе и официјално е познат- Пендаровски, но тоа не и менува ништо), со што пренагласено се дистанцира од паралелната пропаганда на лажни вести, сметајќи дека со тоа го чисти јавниот сомнеж за вмешаност во опасната игра, но отворено, ниту во еден момент, не предупредува од лавината лажни вести и опасноста од нив.

Последните, тие замислуваат дека се совршени пропагандистички пера, ја исцртаа иднината на оваа земја- говорејќи за измислен, иден закон за Родител 1 и Родител 2, згрозувајќи го мнозинството, кое според библиските правила, се онесвестува при самата помисла дека е можна замена на родителствувањето на мајка и татко и никој поинаков.

На конзервативниот, огромен дел на популацијата, која панично се прекрстува при помислата дека се измислуваат нови улоги во семејството, а притоа некој на улица сомнително ја фиксира за да и ги заплени органите, не можете да и објасните дека пропагандата ги голтнала и сомлела, строго во функција на претседателските избори.

Како ќе се договорат кој е Родител 1, а кој Родител 2, е најчестото прашање на некои од преплашените корисници на јавната сфера, поставено со потсмевање и цинизам, но тие забораваат едно. Дека постои и еден човек, кој се претставува како Тие. Од него треба да се плашат, од него да стравуваат, затоа што не носи ништо добро, човек кој се замислува во множина, а делува како еднина. Или можеби се повеќе луѓе, трансплантирани во еден? Опасноста е пред портите. Органите? Некому му се допаѓаат токму вашите. Совет? Ако не сакате шеги од ваков тип, немојте да ги читате навечер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.