НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев на Конгресот на СДСМ: Стево Пендаровски ќе биде идниот претседател на државата

0
By Нова ТВ on March 3, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со говор претседателот на СДСМ и премиер на државата Зоран Заев започна 23 Конгрес на партијата на власт. На Конгресот ќе биде потврдена кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата на претстојните избори. Заев говореше за својата државотворна улога и одговорност во пресудните моменти и настани од историјата на нашата држава.

„Нашата партија заедно со нејзините лидери и членство никогаш не отстапи пред предизвиците. Секогаш ја преземаше одговорноста донесуваше одлуки и спроведуваше рационални политики што се покажаа како историски. Не прифатија како Македонци со свој јазик и идентитет и заедно со сите граѓани Албанци, Бошњаци, Роми, Срби кои се дел од нашата држава. Веќе нема пречки, време е за нови потфати. Сега целото време го посветуваме за домашните работи. Секој наш граѓанин без разлика на партиската припадност или неприпадност треба да ги почувствува придобивките, и заедно да работиме за нив, рече Заев.

По обраќањето конгресот ќе биде затворен за јавноста, а повторно ќе биде отворен на крајот кога ќе се обрати избраниот кандидат за претседател на државата.

„Стево Пендаровски ќе биде идниот претседател на државата. На него му дадоа поддршка сите етнички заедници и 31-на политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ, владината коалиција и сите поддржувачи на концептот за заеднички кандидат за претседател на државата“ рече Заев.

Поддршката беше изразена на средба во петокот вечерта во Скопје по која премиерот Зоран Заев оцени дека ова е историска одлука и дека 31-на политичка партија заедно се обединија и покажаа дека националните се над партиските интереси.

За заедничкиот претседателски кандидат Стево Пендаровски исклучителна е честа да бидеш поддржан од претставници на сите етнички заедници, од 31-на политичка партија, но, и од многу граѓани кои воопшто не се членови на политички партии. 

Работниот дел од Конгресот ќе биде затворен за јавноста. На крајот на конгресот, кој повторно ќе биде отворен, ќе се обрати избраниот кандидат за претседател.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.