Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рикер: Северна Македонија сега е на вистинското место во Европа и НАТО

0
By Нова ТВ on March 4, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 4, 2019 13:14

Историскиот Преспански договор го отвори патот Северна Македонија да стане 30-та членка на Алијансата и да ја забрза нејзината европска интеграција. Земјата сега е на вистинското место во Европа и во НАТО, изјави денеска поранешниот амбасадор на САД во земјава Филип Рикер, кој е иден американски помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, во обраќањето на тема „Економскиот развој и регионалните односи во Југоисточна Европа“ во рамки на проектот „Балкан 360“, во организација на Германскиот Маршалов фонд.

Рикер, кој во моментот ја извршува функцијата политички советник на командантот на Европската воена команда на Воените сили на САД, се осврна на клучните предизвици на западнобалканските држави и на американската поддршка во напорите на овие земји да станат дел од Европа.

– Како поранешен офицер за односи со јавност и подоцна американски амбасадор во Скопје пресреќен сум што сум тука. Особено е значајна мојата посета сега, бидејќи Северна Македонија презеде чекор напред кон нејзиното вистинско место во Европа и НАТО. Како што знаете се враќам во Вашингтон за некоку недели да застанам на чело на Бирото за европски евроазиски прашања како помошник државен секретар, рече Рикер.

Рикер оцени дека 27 години заемната недоверба и историските несогласувања меѓу Скопје и Атина го блокираа патот на земјата напред.

– Од мое лично искуство, можам да ви кажам дека ова прашање беше исклучително комплексно и многумина го сметаа неподносливо. Да се дојде до оваа точка не беше лесно. Лидерите повеќепати сакаа да се откажат од процесот и да одат напред. Успехот на Преспанскиот договор е доказ дека со посветената работа и компромис може да се постигне решение и за тоа е клучно лидерството, рече Рикер.

Посочи дека грчкиот премиер Алексис Ципрас и премиерот Зоран Заев, како и шефовите на дипломатиите на двете земји се заслужни за ова историско постигнување и верува дека и останатите лидери на Западен Балкан ќе земат пример од ова искуство.

– Тоа докажува дека длабоко вкоренети историски конфликти може да се надминат. Сите треба да замислиме каква може да изгледа иднината на Западен Балкан доколку лидерите во регионот градат врз мментумот на овој историски успех и да постигнат слични компромси и помирувања, истакна Рикер.

Посочи дека Европа денес е центар на геополитички натпревар и оти Москва во изминатите години се обидуваше насилно да ги прецрта границите во источна Европа вршејќи притисок врз соседите, спроведувајќи кампања на дезинформации и мешање против Западот, додавајќи и оти ги јакнела воените капацитети на нејзините граници.

– САД и Европа мора да работат заедно за да обезбедат Западот да остане најатрактивниот модел за модерни и слободни општества. Во земјите што го одбраа западниот пат ние ќе продолжиме да даваме поддршка за да ги забрзаме демократските реформи со цел да можеме да ги вклучиме кон нациите на западната заедница, рече Рикер.

Во оваа смисла, посочи, САД ќе продолжат да даваат поддршка на аспирациите на сите земји од Западен Балкан со цел тие да обезбедат членство во ЕУ и, како што кажа, тоа не е поради „добрината на нашите срца, но бидејќи тоа е стратешки интерес на САД да има мир, просперитет и стабилност во Европа“.

– Ние мора да останеме фокусирани за да ги забрзаме целите на потранспарентни влади, владеење на правото, слобода на медиуми. Овие столбови се важни за поголем отпор на штетните влијанија однадвор што сакаат да ги остават западнобалканските земји разделени и ранливи. Клучот за трансформацијата во овие земји се лидерството, храброста, визијата и волјата да се преземат политички ризици. Историскиот договор од Преспа е одличен пример за сето тоа, подвлече Рикер.

Идниот американски помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања повтори дека САД го поддржуваат членството во ЕУ на сите земји на Западен Балкан како и членството во НАТО на оние што го сакаат тоа.

– Нашата надеж за вашата иднина е стабилен Балкан што е во линија со нашите заеднички вредности, целосно интегриран во западните институции и отпорен на дестабилизација  и штетни влијанија однадвор. Западниот Балкан презеде значителни чекори напред во изминатите години со историскиот Преспански договор, членството на Хрватска во ЕУ, отворањето пристапни преговори со Србија и со Црна Гора, како и членстовто во НАТО на Хрватска, Црна Гора и Албанија заедно со Северна Македонија која што е на пат кон нејзино полноправно членство, рече Рикер.

Истакна дека стабилноста и просперитетот се постигнуваат низ напорна работа и посветеност на реформите. – Овој регион е испреплетен со историја, култура и геополитика. Затоа треба да работи заедно како соседи и да се најдат решенија, заклучи Филип Рикер.

Тој попладне ќе има средба со премиерот Зоран Заев по што двајцата ќе дадат изјави за медиумите. Рикер претпладнето се сретна со шефот на дипломатијата Никола Димитров, а предвидени е средба и со лидерот на ДУИ Али Ахмети, како и работен ручек со вицепремиерите Кочо Анѓушев и Бујар Османи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.