Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки за протестот: Полицијата постапи спротивно на Уставот и законите

0
By Нова ТВ on October 23, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 23, 2013 17:22

Хелсиншкиот комитет на Македонија остро реагира за спречувањето на мирниот протест на новинарите од страна полицијата.

Во соопштението се вели:

-Денес, 23 октомври 2013 година, спротивно на Уставот на РМ, Кривичниот законик и Законот за јавните собири, полициски службеници спречија одржување на мирен протест и го ограничија слободното движење на граѓаните.

Во текот на вчерашниот ден протестот беше најавен преку медиумите од страна на Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски. Во најавата беше наведено местото, времето и причината за одржување на собирот. Иницијативниот одбор повика на мирен протест преку кој на симболичен начин беше планирано да се изрази несогласување со затворската казна во траење од четири и пол години за новинарот Кежаровски.

Во улога на набљудувач, на местото планирано за одржување на протестот присуствуваше и претставник на Хелсиншкиот комитет. Уште пред почетокот на најавениот собир, околу Музејот на македонската борба за државност и самостојност (познат и како Музеј на ВМРО) беше видливо присуството на околу педесетина полициски службеници од редовите на редовните полициски служби, но и од Единицата за брзо распоредување.

Покрај овие единици, забележливо беше и затскриено присуство на дополнителен број полицајци кои се наоѓаа во околината и кои беа во состојба на готовност. И покрај тоа што на собирот присуствуваа околу 150 новинари и граѓани кои беа дојдени своето незадоволство да го изразат на мирен и ненасилен начин, сите полицајци беа опремени со специјална полициска опрема која вообичаено се користи за демонстрации од насилен карактер.

Преку поставување на кордон, целосно беа блокирани сите пристапи до Музејот и не беше дозволено ниту движење на граѓаните ниту одржување на најавениот протест. Со цел да им укаже на полицајците дека ваквиот начин на постапување е неуставен и незаконски, набљудувачот на Хелсиншкиот комитет се обиде да стапи во контакт со еден од раководните полициски службеници.

Од страна на полицијата беше даден одговор дека тие не ги знаат причините за настанатата ситуација, дека се работи за „наредба од горе“, а не беше даден одговор ниту на прашањето која полициска станица е одговорна за ограничувањето на движењето. Незадоволството на насобраните граѓани кулминираше кога од страна на полицајците беше употребена непотребна физичка сила преку употреба на пендреци со цел да не биде пробиен кордонот. Соочени со опасност по нивниот физички интегритет, граѓаните набрзо се разотидоа.

Хелсиншкиот комитет укажува дека правото на јавен собир и слободата на движење на граѓаните се темелни вредности на македонскиот уставен поредок. Законот за јавните собири утврдува дека јавен собир, заради мирно изразување на мислење или протест, може да се одржува на секое место кое е соодветно за таа намена, освен до здравствени установи, до детски градинки и училишта.

Според тоа, музеите не претставуваат забранети зони, туку установи од јавен карактер. Кривичниот законик пак утврдува дека доколку службено лице со злоупотреба на својата службена положба или овластување, со сила или на друг начин ќе спречи или ќе смеќава одржување мирен јавен собир ќе се казни со затвор од три месеци до три години. Бидејќи ова спречување на протест не е прво од ваков тип и се повторува неколкукратно во последните 4 години, Хелсиншкиот комитет до Јавното обвинителство ќе поднесе кривична пријава против непознат полициски службеник кој ја издал незаконската наредба за спречување на протестот, се вели во реакцијата на Хелсиншки комитет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.