Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИДСЦ: Половина од членовите во управните и надзорните одбори се без искуство

0
By Нова ТВ on March 5, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 5, 2019 14:09

Директори, членови на управни и надзорни одбори со основно и средно образование, со недоволно искуство раководат со јавните претпријатија, а притоа забелжлива е и родова нерамнотежа во менаџментот.

Ова се заклочоците на базата што ја изработи Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје, под наслов „Кој тоа таму управува“.

Со базата се опфатени 1.206 членови на државни претпријатија, добиени врз основа на нивните биографии. Од 641 функционери, добиле биографии, додека од 235 добиле сами име и презиме, од 323 не добиле ништо, а цо 7 случаи барањето било одбиено.

Два проценти од директорите и 7 отсто од членовите на УО се со средно

Од анализата на биографиите добиени преку слободен пристап до информации, 5% од управувачките структури се со средно образование или  2% од директорите и 7% од членовите на надзорните одбори, што е во спротивност со законските критериуми, каде високото образование е задолжително.

-Образованието е јасен формален критериум за именување утврден во законската рамка. Исполнувањето на критериумот лесно се утврдува со преглед на дипломи, а различната интерпретација е прилично тешка. Оттука, постоењето на вакви случаи фрла сенка на процесот на именување и го доведува во прашање базичниот интегритет на процесот, велат од Институтот.

Според областа на образованието, се забележува дека правните и економските студии доминираат во управувачката структура, по што следуваат природнонаучните и технички студии, а на трето место се општествените науки.

Немаат искуство

Според анализираните биографии, во 51% од случаите именуваните лица немале искуство во областа на работата на институциите или пак тоа искуство е до пет години. Ова е посебно изразено кај членовите на управните и надзорните одбори.

Дури 63% од членовите на надзорните одбори имаат искуство до пет години а дури половина имаат незначително искуство. 43% од членовите во управните одбори немаат искуство.Надзорните одбори имаат функција да го надгледуваат материјалното и финансиско работење на институциите. Оттука, се доведува под знак прашање колкав е капацитетот на надзорните одбори соодветно да ги исполнуваат своите надлежности.

-Тоа што е интересно е дека во надзорните одбори, каде пред се би требало да членуваат луѓе со правна и финансиска позадина, има 22% технички лица, 12% од општествени науки и 4% со студии од уметност или хуманистички науки. Надзорните одбори имаат функција да го надгледуваат материјалното и финансиско работење на институциите. Оттука, се доведува под знак прашање колкав е капацитетот на надзорните одбори соодветно да ги исполнуваат своите надлежности, се констатира во студијата.

Мажите доминираат

Податоците што ги добиле во ИДЦС укажуваат на значителна нерамнотежа во однос на родовата структура на менаџментот на институциите. Само само 29% од управувачките структури се жени што е во спротивност со политиките за промоција на родова еднаквост.

-Најголемата нерамнотежа е забележана кај директорите на институциите, каде само 5% од именуваните лица се жени. На спротивната страна отскокнува состојбата кај колективните органи, каде 43% од членовите се жени. Резултатите сугерираат дека во овие случаи, најчесто комисии, се води повеќе грижа за родова застапеност, па процедурите и праксата кај овие институции имаат подобар исход, се нагласува во студијата.

Разликите помеѓу различните типови на институции не се значителни што укажува дека родовата нерамнотежа е резултат на системска негрижа за правична застапеност во оваа смисла. Затоа од Институтот препорачуваат, за почеток, Владата, но особено Собранието потребно е да работи на промена на парадигмата во законите за тоа како се определува соодветноста на именуваните лица.

Транспарентност по примерот со ДКСК

Од Институтот наведуваат дека врз основа на повеќе истражувања на јавното мислење заклучиле дека  граѓаните мислат дека  се вработува претежно преку врски. Поради ова, тие предлгаат да се воведе јавно интервју со кандидатите кои се пријавиле на некој конкурс, јавно објавување на ранг листите и биографиите на кандидатите.

Како позитивен пример, во анализата се истакнува изборот на членовите на Антикорупциската комисија, каде учествуваа засегнати страни кои можат да поставуваат прашања и каде интервјуата ќе бидат емитувани на телевизија.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.