Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

8 Март: Поразителни бројки за родова еднаквост

0
By Нова ТВ on March 8, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 8, 2019 08:58

Денеска се одбележува 8 Март, меѓународниот ден на борбата за економска, политичка и социјална рамноправност на жените. Но, насекаде во светот и во нашата земја, тие се уште се соочуваат со негирање на нивните права, со дискриминација и со насилство. Мал е бројот на жени на раководни функции, тие не се правично застапени во структурите за донесување на одлуки, а и помалку се платени од мажите за иста работна задача.

Во вкупното население во земјава, мажите и жените се речиси еднакви – 49,9 проценти се жени, a 50,1 процент се мажи.

Но останатите параметри укажуваат на значителна диспропорционалност.

Податоците што ги објави Државниот завод за статистика во публикацијата „Жените и мажите во Северна Македонија“ покажуваат дека стапката на вработеност во 2017 година кај жените изнесувала 34,6 и е значително пониска во споредба со онаа кај мажите – 53,6. Исто така, стапката на активност кај жените е пониска и изнесува 44,3, а забележливо е повисока кај мажите – 69,3.

Според Сојузот на стопански комори, жените во преработувачката индустрија и трговијата земаат за 17,9 проценти помала плата за истото работно место како мажите, односно би морале да работат дополнителни 65 дена во годината за да ја остварат истата плата како и мажите.

Евростат: 30 отсто од парламентарците во земјите од ЕУ се жени

Најновото истражување на ОБСЕ спроведено минатата година во Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Украина и Косово, покажува дека 70 проценти жени доживеале некаков вид насилство. Околу 16 илјади жени од овие територии биле погоден од некаков вид насилство од својата 15-та година. Истражувањето укажува на фактот дека 60 проценти од 15.000 испитани жени биле психички злоставувани од партнерот, а 45 проценти од биле предмет на сексуално вознемирување.

Денеска напладне ќе се одржи марш под слоганот „Дали е среќен 8 Март?“, а со поддршка за женските права. Маршот ќе започне од Жена Парк преку Плоштад Македонија, Камениот Мост, до плоштадот Филип Втори.

Зад маршот стојат десетина невладини организации и граѓански здруженија.

„Девојки, жени, мајки, сестри, баби, вработени, невработени, феминистки, активистки и сите оние кои сметаат дека женската борба за економска, политичка и социјална рамноправност е важна и сè уште трае! На 8 Март, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост и подготвени за предизвиците кои ни престојат на нас, по трет пат маршираме под слоганот „Дали е среќен 8 Март?“, се вели во најавата за маршот.

Присуство на протестот најави и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

„В петок по трет пат ќе маршираме под слоганот „Дали е среќен 8 Март?“ – за еднакви права, еднаква плата, достоинствен живот и должно почитување! Се гледаме на марш!“, напиша таа.

Меѓународниот ден на жената е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Историјатот на одбележување на Меѓународниот ден на жената е поврзан со името на Клара Цеткин и Роза Луксенбург. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 година во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911 година овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија.

ОН: Потребни се 200 години за рамноправност при извршувањето на обврските во домовите

Напредок кон родова еднаквост на работното место е едвај забележлив во последниот квартал од векот, а тој може да се забрза само ако мажите преземат поголема одговорност во домаќинствата, велат од ООН по повод Меѓународниот ден на жената.

Меѓународната организација на трудот (МОТ) во новиот извештај објави дека разликата во стапката на вработеност кај мажите и жените е намалена за помалку од два проценти во изминатите 27 години. Во 2018 година, жените сè уште имале 26 проценти помалку шанси да се вработат од мажите, иако, според анкетите, многу повеќе жени сакаат да работат отколку да останат дома, се наведува во документот на агенцијата на ОН.

МОТ наведува дека постојат многу фактори кои ја блокираат еднаквоста при вработувањето, а најголем товар за жените се обврските кои ги извршуваат во своите домови.

– Во текот на изминатите 20 години, времето кое жените го потрошиле за неплатена нега и домашна работа незначително се намалило, а за мажите се зголемило само за осум минути дневно, изјави Мануела Томеи, шефица на Одделот на МОТ за труд и еднакви можности. Таа вели дека со ова темпо, потребни се 200 години за да се постигне рамноправност кога станува збор за извршувањето на обврските во домовите.

Според овој извештај, речиси 22 отсто од работоспособните жени ширум светот, или 647 милиони, го трошат сето свое време во текот на денот на неплатени работи, а тој процент во арапските земји изнесува дури 60 отсто. За споредба, само 41 милион мажи, односно 1,5 отсто, ги извршуваат овие обврски во текот на целосто свое расположливо време.

– Нерамнотежата при извршувањето на домашните обврски меѓу мажите и жените е една од најотпорните појави кога станува збор за родовата нееднаквост, се заклучува во извештајот.

На светско ниво, жените посветуваат повеќе од три четвртини од своето време на работи за кои не се платени и во просек трошат четири часа и 25 минути на нега, за која не добиваат никаков надомест. Кај мажите тоа време изнесува еден час и 23 минути.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.