НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО мора да умре

0
By Биљана Секуловска on March 9, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Убиството на СЈО, неговата смрт, е најдоброто што може да и се случи на оваа земја.  Ако сака да преживеaт сите власти, ако сака да не и бидат скршени коските, доколку дојде до добивање на правдата.

Затоа што, никој и ништо нема да остане,  ако навистина некој посака правдата во оваа земја да победи.

Низ призма на изборите, пред да се прогласи и офиицијално таа кутра смрт, Катица Јанева е добитната комбинација за залажување, барем за изборните денови, оние, кои брзо поминуваат, но, за жал на власта, не се забораваат.

Мислат дека одат во заборавот тие лажни, привидни изборни ветувања за правдата и мирот кои сепак ќе бидат добиени, и заради кои конечно му подаруваат на СЈО денови на преживување, преку апарати за дишење, но со добар план- однапред едната жица да биде исклучена.

Стравот од уништувањето на СЈО, длабински ги потресува деновите кога власта маршира низ изборната кампања, но тоа се денови, часови, незначителни секунди.

Ако се загребе на површината, лицата на ударните тупаници на СЈО се најдобриот билборд за таа кампања, сега претседателската, затоа е и важно само привидно да вегетираат, во име на потенцијалната победа.

Правдата и правото е најдобро да се закопаат, еднакво како и идеалите на Шарените, кои не знаеа дека марширале за сопственото самоуништување, за да станат најгруби шамари тие повисоки цели.

Нека се закопаат и тие идеали, како и кантарот на таа правда, оној кој го носи Јустииција, кој не вреди ни да се крева, ниту да се премерува, најмалку да се бара да превагне сета борба, од  која и онака ништо не останало.

Постои само една можност- онаа најмалата, слично на она што се бара со децении и не може да  открие- од што е составена таа црна материја низ Космосот, како тој функционира совршено. Идентично така, беа потребни не многу години додека не беа објавени бомбите, па потоа следеше прекратко време додека не беше составена свеста за потребата од СЈО, повторно она малку време додека тоа не профункционира, и она време кое не се ни забележува, а што остана, додека Јанева да дојде пред прагот на колапсот.

А само видете ја историјата на демократиите- колку ним им било потребно време, векови кои  на другите земји им биле потребни за добивање на некаква правда, која неретко се транформирала повторно во неправда, за повторно да помине време, ужасно многу време. Нам, кутрите наивни почетници во демократските бајки, ни се чинеше дека е потребно само малку време за да го доживемеме триумфот на СЈО. Времињата не се прескокнуваат, не се преспиваат, не се забораваат. Но, правдата секако еднаш ќе дојде пред портата на банкоматот во Будимпешта, онаа правда, неизбежната.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.