Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест: Донесете го Законот, спречете дискриминација

0
By Нова ТВ on March 11, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 11, 2019 12:24

Итно изгласување на законот за заштита и спречување на дискриминација на денешната собраниска седница побараа на протест пред законодавниот дом претставници на граѓански организации, здруженија и платформи.

-Законот повеќе од осум месеци е заглавен во Собранието и покрај јавното ветување од СДСМ дека ќе се донесе во најкус рок. На последната седница претседателот на Собранието без никакво образложение го тргнал законот од дневен ред. Со ова Собранието уште еднаш потврди дека граѓаните не им се приоритет, рече Елена Петровска од Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија.

Затоа, како што рече, ги повикуваат пратениците од најголемите политички партии од мнозинството – СДСМ и ДУИ итно да го донесат законот на денешната седница, а ја осудуваат реториката која во врска со законот ја користат нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ.

Учесниците на денешниот протест сметаат дека со новиот закон што треба да биде изгласан ќе се надминат постоечките недостатоци во претходниот закон, кои излегле на површина со неговото спроведување, и тоа во делот на воведување пократки рокови на постапката за заштита од дискриминација, зајакнување на независноста на Комисијата за заштита од дискриминација и овозможување неформални групи да поднесат претставка во име на граѓаните.

„Шовинисти не можат да штитат од дискриминација”, „Амнестија-неветено остварено, недискриминација-ветено неостварено”, „Стојте си на зборот, усвојте го законот”, „Бидете пратеници за сите граѓани”, „Усвојте го законот и започнете со спроведување”, беа дел од пораките што преку транспаренти учесниците на протестот ги упатија до пратениците.

Во меѓувреме, собраниската служба соопшти дека законот за заштита и спречување на дискриминација е единствена преостаната точка на дневниот ред на 90 седница што треба да биде денеска во 14 часо

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.