Мешовитиот комитет на Собранието на Р.Македонија и Европскиот парламент чија седница беше закажана на 29 и 30 Октомври во Скопје е одложена.
До одлагање на оваа седница доаѓа по барање на делегацијата од Европскиот парламент. Претседавачот на оваа делегација, европратеникот Шацимаркакис го известил Собранието дека голем дел од европратениците од двете најголеми политички групи, Европската народна партија и Европските социјалисти, го откажале своето учество на закажаната седница на Мешовитиот комитет поради други обврски.
Датумот на одржувањето на оваа одложена седница ќе се утврди дополнително.
Неофицилајно оваа се толкува како реакција на европратениците поради влошување на ситуацијата во сферата на слободата на медиумите во Македонија.Во ЕП постои се поголема загриженост за односот на македонските власти кон оваа фундаментална европска вредност.
Вакво одложување на мешовитиот комитет имаше и по настаните на 24 декември минатата година, кога пратениците и новинарите насилно беа исфрлени од собраниската сала.




